Шест години Вип на македонскиот пазар

Со инвестиции од над 135 милиони евра во изминатите шест години, Вип ја зацврсти својата позиција на втор најголем оператор на пазарот, станувајќи препознатлив кај корисниците како оператор кој секогаш нуди повеќе

sest-godini-vip-na-makedonskiot-pazar

Скопје, 19 септември 2013Вип ја одбележа шестата година од влезот на македонскиот пазар со раст во сите сегменти, подготвен да се соочи со сите идни пазарни предизвици и да ги искористи можностите кои ги нуди молскавичниот развој на индустријата на мобилни комуникации.

И во услови на сè поизразена заситеност на домашниот пазар на мобилна телефонија кој е лимитиран од бројот на потенцијални корисници и просечниот број на мобилни уреди по жител, базата на активни корисници на Вип надмина 620.000, што ја зацврсти компанијата како втор најголем мобилен оператор во земјава со пазарен удел од над 28% и обезбеди стабилен раст на приходите.

- Ако нешто добро ги опишува изминатите 6 години од развојот на Вип, тогаш тоа без двоумење е слоганот „Повеќе за вас“. Водејќи се од ова едноставно мото, им овозможивме на корисниците да уживаат во неограничена мобилна комуникација при што тие зборуваат повеќе, а плаќаат помалку. Благодарение на револуционерните промени кои ги воведуваме уште од првиот ден, Вип силно го раздвижи македонскиот телекомуникациски пазар и успеа да го збогати и издигне целокупното корисничко искуство на едно сосема повисоко ниво, изјави Генералниот извршен директор на Вип, Никола Љушев

За интензивниот раст на Вип во изминатиот период и освојувањето на довербата кај корисниците, покај посветеноста на целиот тим на Вип, заслужни се и обемните инвестиции кои надминаа вкупна вредност од 135 милиони евра. Овој процес продолжува во континуитет за што говори и најновото вложување во изградба на 4Г мрежа, каде Вип веќе вложи над 10 милиони евра за добивање на лиценцата.

- Имаме одлична стартна позиција во воведувањето на најнапредната 4Г технологија со оглед на тоа што пред една година инвестиравме во новата 3Г ХСПА+ мрежна платформа на која со соодветна софтверска и хардверска надградба ќе бидеме во можност, покрај 3Г ХСПА+   паралелно да обезбедиме и 4Г услуги, што ќе биде нова значајна придобивка за корисниците на напредни мобилни комуникации во Македонија, истакна Љушев.

Паралелно со вложувањата во градење на долгорочен партнерски однос со корисниците и во севкупниот деловен успех на компанијата, Вип и неговите вработени ја продолжија традицијата на обезбедување поддршка на спортот, културата, здравството и други проекти од интерес на пошироката заедница.  Како пример за ова е поддршката на Македонската ракометна федерација и Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ со кои Вип го продолжи своето долгорочно партнерство.

Уникатно одбележување на шестата годишнина

Инспирацијата и страста во работата, како и за лидерството, талентот, мотивацијата, растот и успехот во бизнисот, беа темите на кои се осврна светскиот познатиот говорник, виолинист и претприемач, Миха Погачник, на прославата на шестата годишнина на Вип оператор на која присуствуваа голем број пријатели, партнери и соработници на компанијата. Во својот уникатен и препознатлив стил, Погачник го пренесе сопствениот рецепт за тоа како да се пронајде уметноста и убавината во она што секојдневно го создаваме, како и за тоа колку инспирацијата и страста во работењето се клучни за секој успешен лидер. За главниот извршен директор на Вип, Никола Љушев, главната инспирација во Вип во изминатите шест години беше корисникот и неговите потреби, при што компанијата „со сета страст се обидува да и пркоси на просечноста, работејќи на воспоставување нови стандарди во мобилните комуникации во Македонија“, рече меѓу другото Љушев, во своето обраќање на ова уникатно одбележување на шестата годишнина на Вип.

Би можело да ве интересира:

Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Вирален статус на скопскиот менаџер Цајо: „Пред 50 години бракот беше лесен, а разводот тежок - дене... „Пред 50 години само една личност работела за да го издржува целото семејство. С...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Андријана Јаневска стана доктор на науки: 9 години собирала 150 народни песни, сопругот ѝ е најголем... „Во Ректоратот на УКИМ бев промовирана во доктор на науки. На докторскиот труд р...
Денес се слави Свети Василиј Велики – Ден за имендени и карневали Честит именден Василиј, Васил, Васе, Василија... Денес е првиот ден од Новата го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg