Донација на Адинг за изградба на „Шатор“ – подарок за град Скопје
- Детали
- петок, 26 јули 2013
По повод 50-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, во просторот меѓу „Кермес“ и Зоолошката градина, се промовира скулптурата „Шатор", подарок од архитектите за градот Скопје.
-->
Адинг го помогна овој проект преку донација на бетон со вклучен транспорт и вградување на истиот.
Автори на скулптурата се Сергеј Никољски и Милан Мијалковиќ.
Шаторот е симболичен објект. Буди различни чувства и асоцијации, кои настануваат во зависност од контекстот на неговата околина. Поставен во дива природа шаторот станува симбол на слобода. Во поново време тој објект нуди и една поинаква слика.
-->
-->
Шаторот стана метафора за заробеништво и немоќ. Пред берзанските и банкарските центри овие тривијални конструкции, овие привремени живеалишта на Occupy движењето создаваат еден систем - критички простор.
Одеднаш, шаторот создаде место за силен протест против структурите на моќ, а истовремено рефлексија од едно чувство на беспомошност. Онаму каде катастрофите го земаат покривот над глава, нужните живеалишта ја нудат првата помош.
-->
Шаторот како објект е подарок во знак на заедништво и единство, но и еден вид на ветување и обврска за натамошни дарови.
-->
Би можело да ве интересира:
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото)
По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, Дарио Ивановски спортист на годината
Скопје (12.11.2024 год.) - Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослоб...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к...
Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Од Скопје повторно ќе се лета до Барселона и Дубаи – нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродр...
На големо очекување на сите, повторно се враќаат авионските линии кои го поврзув...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“
„Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н...
Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...