Највозрасниот возач во Македонија на 90 години се поднови со нов Mercedes

Вљубеник во технологијата, човек кој цел живот креативно и со извонредна упорност и дисциплина им приоѓал на професионалните и животните предизвици. Скромно ужива во успесите, води умерен живот и речиси 40 години вози исклучиво Mercedes. Вака го опишуваат најблиските и пријателите. Тоа е г-нот Трајан.

najvozrasniot-vozac-vo-makedonija-na-90-godini-se-podnovi-so-nov-mercedes-1

Тој не е познат на пошироката јавност, но одскоро, тој се здоби со интересна популарност. Г-нот Трајан Јанакиевски, роден во далечната 1923-та година, со своите 90 години е највозрасниот активен возач во Македонија, кој реши да се поднови со Мерцедес.

За тоа како г-нот Трајан се одлучи да купи нов Мерцедес, раскажува неговиот син, Предраг.

„За 89-тиот роденден го изненадивме татко ми со подарокот на iPad, потоа следеше iPhone 5, MacBook Pro па и iPad Mini! Секојдневно чита, ги следи технолошките новини, и постојано прашува. Но, пред неколку месеци се јави татко ми соопштувајќи дека има два проекти за оваа година - да му помогнеме околу изборот на поголем и посовремен ЛЕД телевизор и да ја купи новата Mercedes Б класа!“. И двата проекти беа успешно реализирани. Г-н Трајан избра бел Mercedes-Benz Б класа, со автоматски 7-степен менувач. 

najvozrasniot-vozac-vo-makedonija-na-90-godini-se-podnovi-so-nov-mercedes-2

При продолжувањето на возачката дозвола и при регистрацијата на новиот автомобил, вработените со недоверие ја проверувале точноста на матичниот број зошто според истиот, возачот би требало да има 100, не, 90 години?! Со насмевка, синот одговорил „не е грешка, ја имате личната карта на возачот еве го до мене и, ете, има 90 години“. Вработените не ја криеа восхитта од оваа несекојдневна случка.

При преземањето на новиот автомобил од салонот на Мак Аутостар во Скопје, дојдоа неколку најблиски роднини, сите со автомобили Mercedes! Пред салонот се наредија олд тајмери од 1953 и 1975 и понови модели со кои сопствениците се гордеат. Чичко Трајан, на заминување рече дека ваквиот собир бил изненадување кое многу му значи, додавајќи дека само сака да беше барем 10-тина години помлад.

najvozrasniot-vozac-vo-makedonija-na-90-godini-se-podnovi-so-nov-mercedes-3

На заминување кога го прашавме кој е неговиот рецепт на животниот успех, тој одговори: „Tоа е балансот меѓу скромноста и амбицијата, одговорноста и дисциплината, каде спаѓаат исхраната и физичка и умствена активност“.

Чичко Трајан, 90-годишниот возач, со својствена шармантна насмевка влезе во својот нов Mercedes и замина кон својот следен проект.

Г-н Трајан Јанакиевски е пензиониран инженер-технолог, еден од основоположниците на две значајни фабрики, во Прилеп и во Скопје, раководител и советник при Организацијата за Индустриски Развој на Обединетите Нации.

Би можело да ве интересира:

Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg