На еко-фестивалот SOUND OF GREEN се собраа повеќе од 3000 пластични шишиња!

Во летниот клуб „Хавана“ се одржа, втора година по ред, еко фестивалот „Sound of green“, во организација на Друштвото за управување со отпад од пакување – „Пакомак“ во соработка со клубот „Хавана“.  Под мотото „Биди рециклајзер”, пред скопската публика настапија најдобрите македонски бендови: „String Forces“, „Новиот почеток“, „Foolish Green“ и „Conquering lion“.

na-eko-festivalot-sound-of-green-se-sobraa-poveke-od-3000-plasticni-sisinja-01

Она што беше интересно за посетителите е тоа што влезниците за фестивалот не се продаваа, туку секој можеше да добие билет во замена за 3 празни пластични шишиња од која било големина. 

Акцијата помина успешно, беа собрани повеќе од 3000 пластични шишиња, а спојот на музиката и грижата за животната средина уште еднаш се покажа како одлична идеја. Задоволството да се биде дел од еден ваков настан не го криеја и учесниците на фестивалот, па по тој повод Дориан Јовановиќ, член на групата „String Forces“, по завршување на нивниот настап изјави: „Музичките фестивали или настани, местата каде што луѓето се собираат заеднички да учествуваат во една голема музичка изведба, секогаш имаат магиско-ритуален карактер и како такви се погодни за ширење на одредени идеологии и идеи. Кога тоа ќе се употреби за идеи и цели кои што се за добробит на заедницата секогаш ќе бидат успешни. На таков начин, „Sound of green“ беше еден успешен настан, пред се музички, но и како средство за одредено зголемување на свеста за потребата да се грижиме за околината во која живееме. На едно место се собраа луѓе и од различни генерации и од различни животни стилови, сите заедно ја прославија музиката која што ги прави среќни, и при тоа дури и неприметливо во себе ставија идеја дека пластиката може и да се рециклира.“

na-eko-festivalot-sound-of-green-se-sobraa-poveke-od-3000-plasticni-sisinja-02

Акциите на Пакомак за подигање на еколошката свеста не застануваат овде. Тие и понатаму ќе продолжат да организираат настани каде ќе не уверат дека собирањето на пластичниот отпад навистина може да биде забавен.

na-eko-festivalot-sound-of-green-se-sobraa-poveke-od-3000-plasticni-sisinja-03

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова си ја „отвори“ душата за синот: „Мислев секогаш ќе ми биде тешко, а види нè денес“ „Некогаш тешко ми беше малку со тебе на колк и купување на акција, ама види нè д...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...
Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg