Аделина Тахири ново заштитно лице на ОНЕ
- Детали
- вторник, 14 мај 2013
Телекомуникацискиот оператор ОНЕ и музичката ѕвезда Аделина Тахири потпишаа договор за соработка.
Во наредните година дена, ОНЕ и сė попопуларната Аделина, заеднички ќе работат на взаемна промоција на бредот ОНЕ и албанската поп музика во Македонија.
`Ние во ОНЕ секогаш сме знаеле да ги препознаеме вистинските ѕвезди, и оние со долгогодишна кариера, но и оние со голем потенцијал. Аделина е ѕвезда во подем чија кариера секојдневно расте. Нејзината музика и појава се синоним за модерна и урбана музичка ѕвезда, а сето тоа одлично се вклопува со нашиот бренд`, изјави Цирил Кафол, Генерален извршен директор на ОНЕ.
`За секој пејач е особено важно зад себе да има силен бренд кој го поддржува. Мене ми претставува огромна чест и задоволство што токму ОНЕ ќе биде мојот бренд партнер во наредната година. Се надевам на успешна и плодна соработка`, изјави Аделина.
Во текот на 2013-2014 година, ОНЕ и Аделина ќе работат посветено, на сите љубители на албанската поп музика да им понудат атрактивни музички содржини и настани, а Аделина ќе се појави и во неколку рекламни кампањи на ОНЕ.
ОНЕ е голем поддржувач на музичката сцена во Македонија. Во моментов, покрај со Аделина, ОНЕ има партнерски договор за соработка и со Каролина и Слаткар.