Новогодишни понуди од T-Home и T-Mobile
T-Home и T-Mobile ја започнаа Новогодишната еуфорија со празничните понуди. За сите нови корисници на T-Home во тек е кампања, со која ќе можат да уживаат во најдобрата дигитална телевизија MaxTV во еден од пакетите 3 Max и 2 Max по одлични цени (2 Max од 799 ден. и 3 Max од 1 199 ден.) Освен тоа, сите нови MaxTV корисници добиваат 3 месеци бесплатно гледање на најдобриот филмски пакет HBO и ексклузивната видеотека HBO on Demand.
Сите постојни и нови корисници, добиваат и можност за купување на Sony или LG, LED телевизор на дури 48 рати преку нивната телефонска сметка, почнувајки од 489 денари месечно.
Празничната понуда на T-Mobile вклучува поволности за постпејд, припејд и бизнис корисниците. Постпејд понудата вклучува пакет од 499 денари месечно со неограничени разговори во мрежата на T-Mobile и T-Home, неограничен 3G интернет со брзина до 42 mbps, вклучени бесплатни разговори кон другите мрежи и смартфони од само 1 денар.
Со промотивниот бизнис пакет од 499 денари, се добиваат бесплатни разговори кон сите мрежи, неограничени разговори во рамки на компанијата, неограничен 3G интернет и смартфони од 1 денар.
Пакетите за постпејд и бизнис може да се активираат до 31.01.2013, а да се користат додека трае договорот.
Припејд корисниците добиваат 400 бесплатни минути за разговори со сите T-Home и T-Mobile пријатели со неделен припејд пакет за 99 денари и телефони за 1 денар. Неделните припејд пакети се активираат на бесплатниот број 1460 или преку Мојот T-Mobile, а можноста за телефон од 1 денар е во припејд Доверба.
За повеќе информации на: www.t-home.mk и на www.t-mobile.mk.