Познати учесниците на Макфест 2012

poznati-ucesnicite-na-makfest-2012

Биба Додева, Александра Пилева, Тамара Тодевска, Александар Белов, се само дел од популарните изведувачи кои ќе настапат на 27-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ кој оваа година ќе се одржи на 11-ти, 12-ти и 13-ти октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Концептот на манифестацијата - музичка програма со талентирани изведувачи и квалитени композиции кои потоа ќе станат хитови вредни за паметење, е надополнет со учество на многу популарни артисти кои одамна не сме ги виделе на фестивалските сцени.

- Рефрените од песните на овогодишното издание на Макфест веќе се вртат по радио станиците, па фестивалската публика има можност да ги слушне, да добие претстава каква музичка програма ќе понуди фестивалот оваа година и делумно да си одбере свој фаворит за кој ќе може да гласа во деновите на одржување на фестивалот – изјавуваат организаторите Нова Икс Идеа.

Атрактивни гости од домашната музичка сцена и од странство кои настапуваат во офф-програмата е неизбежен дел од секој Макфест, па така и за оваа година организаторите најавуват изненадувања за публиката која ќе биде присутна во Штип на 27-то издание на фестивалот.

Директен пренос на манифестацијата ќе врши националната ТВ куќа Канал 5.

Би можело да ве интересира:

Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булими... „Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘на...
Александра Јанева на момински викенд во Белград: „Ми дојдоа другарки што живеат во САД и Европа, си ... Откако лани во ноември пејачката кажа ДА на патувањето во Париз со своето момче,...
Александра Јанева на роденденско патување во Хрватска со саканиот, кој ја запроси во Париз (фото) „Шо би кажала баба: Напуни 29, флезе у 30-та и 31-вата га закара…“, напиша пејач...
Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар? „На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спото...
Ќерката на Александар Митевски слави матура: „Биди среќна и успешна“ Пет години откако правеше матурска прослава за ќерката Ања, Александар Митевски ...
Први фотки од свадбата на пејачката Александра Јанева - Невестата носи венчаница со смело деколте, ... Традиционална свадба со трубачи, бела венчаница и букет од бели рози. Пејачката ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg