Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Од денес работат сообраќајните камери во Скопје!

od-denes-rabotat-soobrakjajnite-kameri-vo-skopje-povekjeВе советуваме од денес повеќе да внимавате како возите во главниот град! Од денес работат безбедносните сообраќајни камери во Скопје!

 

Дневник пренесува дека од денес, 7ми Мај 2012-та година работат сообраќајните камери во главниот град. Поставени се над 100 камери на главните локации и сообраќајници во градот, и преку нив ќе бидат снимани несовесните возачи и казните ќе им бидат испраќани директно на домашната адреса.

Според надлежните има камери кои се фиксни, но има и камери кои снимаат и 360 степени, но и камери кои можат да снимат до најситни детали. Ќе се ловат сообраќајните прекршоци – поминувањата на црвено, непропуштањето пешаци, непрописното престројување, итн. Казните со доказниот материјал ќе бидат испраќани на домашната адреса на престапниците.

od-denes-rabotat-soobrakjajnite-kameri-vo-skopje

Но покрај казните, се најавува дека со камерите ќе се следи протокот на сообраќај во главниот град и дека со нивна помош ќе се оптимизираат зелените бранови низ градот со цел полесно минување низ центарот и намалување на сообраќајните гужви. Според експертите, времето потребно за стигнување од една до друга локација во градот би можело да се намали за една четвртина, а со тоа да се намали и потрошеното гориво.

Според законот, снимените материјали ќе се чуваат до шест месеци, а потоа ќе бидат уништени, освен оние материјали кои се користат како доказ во кривична или прекршочна постапка.

извор: carclub.mk

Би можело да ве интересира:

Тон шноли, пудра на чевлите: Наша балерина прикажува како изгледа подготовката за настап (видео) Македонија има балерина од светски ранг... Стефанија Гаштарска нè прави горди во...
Аделина Тахири во уникатен „гол“ фустан – покажа дека самодовербата е најсилно оружје на секоја жена „Убавината на жената не е во облеката што ја носи …“ Аделина Тахири го искористи...
Едина Муса објави фотки од свадбата со Мачка, Антониа Гиговска со колекција дуксери: Што прават маке... Тамара Тодевска секогаш блеска во прегратка на саканиот Лука, а архитектот гордо...
Тоше Проески пееше на Евровизија, гледавме „Млади бунтовници“ – Настани што се случија во Македонија... 2004-та беше плодна година и за музиката и за филмската индустрија во Македонија...
Бајковити фотки од одморот на Жарко Димоски со сопругата и синчето во Мајорка Фотографиите ја доловуваат романтичната атмосфера во Шпанија, а Жарко Димоски и ...
Софија Јанева: „Откако се породив се соочувам со опаѓање на косата - не зборувам за малку коса, тук... „Откако ќе станеш мајка телото ти се менува, хормоните дивеат, спиењето е луксуз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg