Аделина Тахири во уникатен „гол“ фустан – покажа дека самодовербата е најсилно оружје на секоја жена
- Детали
- среда, 09 октомври 2024
„Убавината на жената не е во облеката што ја носи, туку во нејзините очи…“ - Аделина Тахири го искористи познатиот цитат на Одри Хепберн за нејзиното видео во кое позира во голиот фустан што го носеше како членка на жирито на Мис Универзум на Македонија.
Пејачката Аделина Тахири Марков синоќа (08.10) беше член на жирито на изборот на Мис Универзум на Македонија, а на Инстаграм објави видео облечена во црн фустан во кој остави многу малку на имагинацијата.
Аделина е позната по смелите креации во коишто се појавува, а овој пат успеа да ги изненади сите во голиот фустан изработен од проѕирна тантела и црни везови кои стратешки ги прекриваа интимните делови на нејзиното тело.
Таа објави кратко видео облечена во фустанот со долг плашт и вел околу главата, кој го искомбинира со високи сребрени потпетици.
„Мистична силуета во црн фустан“ – пишува накратко до видеото.
А додека Аделина позира, во заднина се слуша познатиот цитат на Одри Хепберн:
„Убавината на жената не е во облеката што ја носи, во нејзината фигура, или во начинот на којшто ја чешла косата.
Убавината на жената се гледа во нејзините очи, затоа што тие се прозорец кон нејзиното срце, каде што живее љубовта“.
Фустанот е креација на косовскиот моден бренд Albyna Dyla, а иако голем дел од нејзините следбеници се сложија дека ова е фустан што ѝ прилега на вистинска кралица, други пак сметаат дека би бил поубав ако имаше постава под тантелата.
Погледнете го видеото и проценете сами:
Прочитајте и Теа од Куманово е Мис Универзум на Македонија 2024 - Гламур и мода на изборот за најубава Македонка
Б. С. Б. | Црнобело