Бајковити фотки од одморот на Жарко Димоски со сопругата и синчето во Мајорка
- Детали
- петок, 10 мај 2024
Фотографиите ја доловуваат романтичната атмосфера во Шпанија, а Жарко Димоски и неговите најмили позираат седнати на тревникот пред хотелскиот комплекс, во градините и во еден од рестораните на Мајорка.
Актерот Жарко Димоски и неговата сопруга Андреа се на патување во Мајорка. Со нив е и синот Вито, кој се роди лани во август.
Семејството веќе неколку дена ужива во убавините на Шпанија.
Па освен што преку Инстаграм Стори со своите следбеници споделуваат како си поминуваат и кои места ги посетиле, таму направија и прекрасна семејна фотосесија.
Тие се седнати на тревникот пред хотелскиот комплекс каде што се сместени, се фотографираа во градините на хотелот, но и додека уживаат во еден од рестораните.
Фотографиите ја доловуваат романтичната атмосфера на нивното опкружување, но и љубовта која ја имаат еден кон друг и кон синот.
Ова е второ подалечно патување на кое актерот и неговата сопруга го одведоа синот. Тие во февруари беа на одмор на Тенерифе, а во тоа време Вито имаше само 5 месеци.
Повеќе фотографии од патувањето во Мајорка:
Прочитајте и Андреа Јосифова за зимскиот одмор на Тенерифе: „Беше 25°C, идеално е за со деца“
А. Ј. | Црнобело