Кенијците победници на Скопскиот маратон 2012 (фото)

kenijcite-pobednici-na-skopskiot-maraton-2012-povekje(Скопје, 6.05.2012) – Скопскиот маратон 2012 со најмногу учесниците до сега. Вкупно 3500 учесници стартуваа на годинешниот Скопски маратон во...


...сите три трки. Првото место кај мажите го освои Патрик Мичеми Вамбугу од Кенија, а кај жените Сесилија Вангуи Варатумо исто така од Кенија.

Македонското државно првенство го освои Трпе Мартиновски. Заради топлото време и високите температури, Олимписката норма не беше исполнета, а исто така и рекордот на патеката не беше рушен.

Исто така, ѕвезда на Скопскиот маратон 2012 година беше 77-годишниот Германец Хорст Прајс, кој го истрча својот 1773-ти маратон, а Македонија е 69 земја каде трча. Прајс е најстариот учесник на Скопски маратон.

На маратонот се натпреваруваа 180 натпреварувачи, а за полумаратонот стартуваа 370 натпреварувачи. Најмногу тркачи по скопските улици имаше за трката на 5000 метри, хуманитарната трка каде што стартуваа околу 3000 натпреварувачи.

Средствата од котизацијата за Хуманитарната трка ќе бидат донирани во Црвениот крст на град Скопје за опремување на центар за бездомници. На Државното првенство во маратон што се одржува во склоп на Скопскиот маратон, преку Атлетската федерација на Македонија (АФМ) се пријавија 4 натпреварувачки во женска и 15 во машка конкуренција.

Детскиот мини маратон Чунга Лунга го трчаа 600 деца.

Покровители на Скопскиот маратон се Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт, а организатори се Сојуз на спортови на Скопје, Атлетска федерација на Македонија и Атлетски клуб Работнички.

Наградниот фонд и оваа година останува ист како и минатата, 10.500 евра. Мерењето на времето ќе биде со тагови/чипови, секој што ќе ја заврши маратонската или полумаратонската трка на целта ќе добие медал. Првопласираните во машка и во женска конкуренција ќе земат по 1.700 евра, а наградата за соборување на рекордот на патеката е 300 евра. Парични награди се предвидени и за најдобрите македонски натпреварувачи-ки во маратонската трка, победниците ќе земат по 300 евра.

Погледнете како изгледаше настанот во фотогалеријата:

kenijcite-pobednici-na-skopskiot-maraton-2012Кликнете на сликата за да ги видите останатите фотографии

Би можело да ве интересира:

Отворен и петтиот EUROPE HOUSE во нашата земја, во Велес Вчера, Велес стана дом на петтиот EUROPE HOUSE во нашата земја, со што се зајакн...
Ја претставуваше нашата земја на Јуниор Евровизија, дипломира на музичкиот колеџ Беркли - како изгле... По големите успеси на музичко поле Ања во септември 2010 ја претставуваше нашата...
Лепче со паричка се крши за Василица, а не за Бадник - Зошто? Лепче со паричка се крши за Василица или за Бадник? Ова е прашање за коешто се д...
„Собрав храброст и појдов кај твоите, сè мириса на тебе“: Весна Петрушевска емотивна за роденденот н... „Ти беше љубов во секој здив, во секој поглед, во секое шушкање на ветерот. Таа ...
Македонски фотограф направи фотосесија на една од најубавите жени во светот, Мадaлина Генеа: „Се зап... „Јас не ја ни познав од прва, и дури откако сликавме, ме праша за контакт, и ког...
Македонскиот поет и лекар Александар Саша Трајковски е добитник на Платинеста плакета за најубава по... Македонскиот поет и лекар Александар Саша Трајковски е добитник на Платинеста пл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg