Летното сметање на времето почнува викендов - Ќе спиеме еден час помалку во недела
- Детали
- петок, 28 март 2025
Летното сметање на времето секоја година почнува во последниот викенд од март, а трае до последниот викенд од октомври, кога часовникот повторно се поместува еден час наназад.
Летното сметање на времето во 2025 година почнува на 30 март во 02:00 часот, со што часовниците ќе се поместат еден час нанапред односно на 03:00 часот.
Ова значи дека недела, 30 март, деноноќието наместо 24, ќе има 23 часа.
Кога се поместуваат стрелките на часовникот нанапред, народот вели и дека „спиеме еден час помалку“ бидејќи и денот е пократок.
Знаете ли зошто се менуваат стрелките на часовникот на секои 6 месеци?
Целта на оваа постапка е да се искористи дневната светлина и на тој начин да се заштеди потрошувачката на енергија.
Во последните години многу земји сакаа да го укинат летното сметање на времето, па поттикнати од тоа, во 2016 година Европската унија покрена иницијатива за да се одреди едно време кое ќе биде унифицирано за сите држави на континентот, но безуспешно.
Причината што и понатаму нема договор е што едни земји инсистираат времето да се мери според „зимското сметање“, а други преферираат преку цела година да се задржи „летното сметање“ на времето.
Дали промената на времето влијае на луѓето?
Во јавноста со години се дебатира за тоа дали промената на времето има влијание врз здравјето на луѓето.
Кога се поместуваат стрелките на часовникот, понапред или поназад, многу луѓе се жалат дека не се чувствуваат добро - дека се уморни и дека им се менува расположението.
Сепак, медицината се нема посериозно насочено кон оваа тема, иако постојат некои истражувања кои потврдиле дека на организмот му се потребни 15-тина дена за да се адаптира на промената.
Во секој случај, лекарите тврдат дека поместувањето на часовникот има влијание врз луѓето, но дека тоа е многу мало.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





