Штипската четворка ги направи првите чекори - Михаил, Леонтина, Теодор и Ведран весело трчаат низ дома
- Детали
- четврток, 06 март 2025
„Чекор напред, чекор назад, денес овие мали дечиња радосно проодуваат! Кон прегратка, кон насмевка, кон гушкање подаваат рачиња и цврсто и сигурно ги прават првите чекорчиња“, вели Благица, мајката на штипската четворка.
Михаил, Леонтина, Теодор и Ведран - трите братчиња и едната сестричка кои во јавноста се познати како штипската четворка - проодеа.
Нивната мајка Благица, на својот профил на Фејсбук сподели фотографија од шарените колачиња постапалки, на кои се испишани нивните имиња, но и видео на кое четирите дечиња трчаат низ семејниот дом и си играат весело.
„Чекор напред, чекор назад, денес овие мали дечиња радосно проодуваат! Кон прегратка, кон насмевка, кон гушкање пружат рачиња и цврсто и сигурно ги прават првите чекорчиња.
Лесни чекорчиња Михаил, Леонтина, Теодор и Ведран“ - напиша таа.
За потсетување, четирите дечиња се родија на 22 октомври 2023 година. Тие се родија во 31-вата гестациска недела и имаа околу 1.200 грама.
Михаил, Леонтина, Теодор и Ведран се втората четворка родена во Штип. Претходно во 1997 година се роди уште една четворка во градот.
Погледнете го видеото ТУКА.
Прочитајте и Штипската четворка наполни 1 година, мајката Благица со емотивна објава: „Не мислев дека толку брзо ќе пораснете“
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





