Ана Стојанова на роденденско патување во Сиднеј – прошетки во кратки шорцеви, вечера во елитен ресторан
- Детали
- сабота, 15 март 2025
Прошета низ Сиднеј во комбинезон со кратки шорцеви и влечки на штикла, направи роденденски тренинг, а вечерта уживаше во јапонски ресторан облечена во елегантен и секси стајлинг – Ана Стојанова со сопругот во Австралија.
Ана Стојанова е онлајн фитнес тренер која на Инстаграм има 125.000 следбеници, а освен фитнес програми и вежби, понекогаш со фановите споделува и приватни моменти од животот.
Веќе една недела, таа престојува во Сиднеј, каде со сопругот се во посета на нејзината најдобра пријателка по повод свадба на која ќе биде старосватица.
Освен тоа, март е и месецот на нејзиниот роденден, па таа со најблиските го одбележа денот за кој вели дека таму трае 34 часа (заради разликите во временската зона).
Таа неколку дена споделува фотки од утринските прошетки покрај плажа, но и од заедничките ручеци и моменти на уживање во друштво на блиските.
Вчера Ана објави и неколку фотки на Инстаграм Стори со кои го одбележа роденденот, а започна со роденденски тренинг, па прошетка и пијалак облечена во краток комбинезон и влечки на штикла.
Вечерта таа ја помина во јапонски ресторан, облечена во елегантна тоалета со длабоко деколте и отвор под градите, искомбинирано со големи обетки и впечатлив црвен кармин.
Повеќе фотки од нејзиното патување во Сиднеј досега:
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





