Љупка Митрова со смел оскаровски фустан на Модната недела во Париз (фото+видео)
- Детали
- среда, 05 март 2025
„Љупка во Париз“... Струмичанката ужива во центарот на модата, а позираше и покрај Ајфеловата кула во впечатливо издание.
Љупка Митрова од Струмица, која е една од нашите најпознати инфлуенсерки, периодов престојува во Париз по повод Модната недела во Париз.
Таму отпатува во име на промоција на нејзиниот моден бренд MITROFF, кој го основаше заедно со Горан Митров, како и црпење на искуства од еден од најзначајните настани во светот на модата.
Позираше пред Ајфеловата кула во фустан со оскаровски гламур со транспарентни делови.
Со кроасани, сонце, прошетки и дружби, како и соработка со македонскиот фотограф Стефан Соколовски Badstef, Љупка ужива во Париз како работно, така и приватно.
Кликнете на видеото од Париз:
Повеќе постари фотографии од неа:
Прочитајте и Љупка Митрова со саканиот на Малдиви - ја крева во раце, сексапилна во танга бикини (фото)
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





