Наставник од Прилеп испрати моќна порака до родителите, која стана вирален хит
- Детали
- вторник, 04 февруари 2025
„За вашето дете важен е кoeфициентот на отпорност (AQ). Тоа е мерка на вашата способност да поминете низ тежок период во животот и да излезете од него без да го изгубите разумот“, вели наставникот Гоце Бумбароски и споделува моќна поука.
Наставникот Гоце Бумбароски од Прилеп, кој работи во ООУ Кочо Рацин, каде што предава на дечиња од прво до петто одделение на својот Фејсбук профил ја сподели фразата: „Не им го подготвувајте патот на децата, туку подгответе ги децата за пат“ (Е. Jacab), но и моќна објава која секој родител треба да ја прочита.
Таа вирално се споделува и носи моќна поука.
Во животот има повеќе аспекти во процесот на воспитување на децата, зарем не?
Неговата објава е моќна порака за родителите:
„Не им го подготвувајте патот на децата, туку подгответе ги децата за пат“
Според психолозите, постојат 4 видови на интелигенција:
1. IQ
2. EQ
3. SQ
4. AQ
1. Коефициент на интелигенција (IQ) е мерка на вашето ниво на разбирање. Потребен ви е IQ за решавање математика, помнење моменти и помнење лекции.
2. Емоционален коефициент (ЕQ) е мерка на вашата способност да одржите мир со другите, да пазите на времето, да бидете одговорни, да бидете поштени, да почитувате граници, да бидете скромни, искрени и внимателни.
3. Социјален коефициент (SQ) е мерка на вашата способност да изградите мрежа на пријателства и да ја одржувате во текот на подолг временски период.
Луѓето кои имаат повисок EQ и SQ имаат тенденција да одат подалеку во животот од оние со повисок IQ, но ниски EQ и SQ.