Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку омраза?“

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-03.jpg

Е, сега прочитајте ги коментарите.

Сите со слична содржина - дека бебето од 14 месеци малтретира животно и дека родителите тоа го дозволуваат. Ве молам!

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-09.jpg

Е сега, од причини што не знам во која сфера од животот се несреќни овие луѓе, ќе го прескокнам тој дел, па ќе преминам на следното - делот за интелектуалната хендикепираност.

Прво, Мика е тогаш бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и кога допира, не знае тоа дали е грубо или не.

Како и сѐ што допира тогаш, на таа возраст. Како кога се придржува за косата на мајката, како кога ја гребе по лице или ја тегне за нос, како кога го гризе образот на таткото и сл.

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-11.jpg

Значи, Мика во случајот не повредува, туку така искажува радост. Ова требало коментаторите да го препознаат или претпостават.

Второ, ако овие луѓе знаат македонски јазик и ако паушално не го следат видеото, ќе слушнат во позадина дека родителите, во случајот, ние, го прекинуваме видеото за да Мика и мачето не се повредат меѓусебно.

Значи, нема никаква злобна намера кај никој од нас, за да малтретираме и да си играме со животно.

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-07.jpg

И не дека нешто посебно се оптоварувам со ова, едноставно сакам да помогнам во кревање на свеста кај овие луѓе и кај помладите генерации.

Дека сопствениот бес или разочараност ако се пресликува на социјални мрежи, особено на штета на друг (кој ништо никому не згрешил) нема да им помогне на овие лица долготрајно да се чувствуваат подобро.

Напротив, ако зрачат со негативност, ќе привлечат негативност. И такво нешто ќе ги следи постојано во животот.

Затоа, да размислиме неколку пати пред да напишеме нешто кое ќе повреди некој друг. Или малку поинаку кажано, ако немаме убав збор за објавеното, да ја одминеме истата објава и да оставиме простор тоа да го направи некој друг“.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С.| Црнобело



Би можело да ве интересира:

Милена од Прилеп со двете деца маскирана во „мајка на змејови“ за Прочка: „Се спремавме од декември“ „Беше предизвик да го убедам поголемиот син, бидејќи сакаше да биде Спајдермен, ...
Модната дизајнерка Ивана Кнез го прослави роденденот: „Успех ми е што престанав да пијам кафе и алко... „Престанав да пијам алкохол и кафе, не јадам бел шеќер и бело брашно. Ми остана ...
Маја Кикириткова стана бринета, Елена Стојановска ужива во Мексико: Што прават македонските ѕвезди н... По 9 години Маја Кикириткова одлучи да се збогува со русата коса, Борко Ристовск...
Бомбакис го запознавте како дечкото со картони, а сега е дечкото со хит видеа (слатко ќе ве насмее) Многу од вас доаѓаат од генерација: „Ако престанеш да плачеш, ќе ти купам нешто“...
„Вие сте нашите амбасадори“ – Македонски средношколци освоија сребрен и бронзен медал на Олимпијада ... „Повторно нѐ направивте среќни и горди“ – им порачаа наставниците на нашите сред...
Од Австралија до Македонија: Нашите познати личности во празнично издание Некои веќе го прославија католичкиот Божиќ како Александра Пилева во САД, други ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg