Ги вративме познатите Македонци во школска клупа – откриваат какви спомени им буди 1-ви септември

„Првиот училиштен ден како прваче некако ми е низ магла, но се сеќавам на трема и страв“ - вели Миа Костова во одговорот на анкетата на CRNOBELO.com за тоа какви спомени ѝ буди 1-ви септември. Какви спомени носат уште неколку други познати Македонци?

roditelite-mi-napravija-torta-vo-forma-na-ranec-poznatite-makedonci-se-sekjavaat-na-prviot-uchilishten-den-01.jpg

Се сеќавате ли на првите училишни денови во животот? Какви асоцијации ви буди први септември и почетокот на новата учебна година?

Први, односно, годинава, втори септември е денот кога учениците се враќаат, или за првпат застануваат, во училишните клупи.

roditelite-mi-napravija-torta-vo-forma-na-ranec-poznatite-makedonci-se-sekjavaat-na-prviot-uchilishten-den-02_copy.jpg

За некои деца ова е ден што носи нова возбуда и означува нов почеток, а други пак, посакуваат да трепнат и целата учебна година што следува да помине како еден лош сон.

Безгрижноста на детските денови, часовите поминати во училиште, дружењето со другарчињата е нешто што учиме да го цениме многу подоцна, кога веќе ќе созрееме и ќе пораснеме како личности.

Па речиси и да не постои возрасна личност што не би посакала проблемите на секојдневието да ги замени со задачите по математика, со тежината на решавањето на хемиските равенки, со лекциите по историја и по другите предмети.

roditelite-mi-napravija-torta-vo-forma-na-ranec-poznatite-makedonci-se-sekjavaat-na-prviot-uchilishten-den-03.jpg

Денес, од една поинаква перспектива на училишните денови гледаме поинаку.

Признајте, колкупати сте посакале на 1-ви септември наместо на работа, да можете да одите во училиште, заедно со реката ученици кои горди со родителите и блиските се упатуваат кон првиот час?

Во тој контекст, CRNOBELO.com направи кратка анкета со некои познати Македонци и ги натеравме на миг да се навратат на најдрагите спомени од училиштетои да ни кажат:

Што е она на што ги асоцира 1-ви септември? Какви сеќавања им буди? Колку од нив се сеќаваат на денот кога тргнале во прво одделение? Кому 1-ви септември му буди носталгија?

Во продолжение следат нивните одговори:

Миа Костова

„Првиот училиштен ден како прваче некако ми е низ магла, но се сеќавам на трема и страв, иако со оглед на тоа што голем дел од другарките беа деца од моето маало не беше толку страшно.

Но, секогаш ќе ми будат убаво сеќавање сите почетоци на ново одделение, кога во нова облека одиш во училиште ги гледаш сите другари и уживаш во првите три дена додека не почнат тетратките и книгите“ - вели Миа Костова.

roditelite-mi-napravija-torta-vo-forma-na-ranec-poznatite-makedonci-se-sekjavaat-na-prviot-uchilishten-den-04.jpg

Александра Пановска Илиевска

„Најубавото сеќавање е кога тргнав прваче моите ме изненадија со торта во форма на ранец која изгледаше магично, кога мој соученик Иван ми подари цвеќиња тоа ми беше магично…

Убави спомени ме врзуваат за училиште и првите училишни денови“ - вели Александра Пановска Илиевска.

roditelite-mi-napravija-torta-vo-forma-na-ranec-poznatite-makedonci-se-sekjavaat-na-prviot-uchilishten-den-05.jpg

Катарина Ивановска

„Мајка ми се вика Вера, а на 1-ви септември во ОУ „Браќа Миладиновци“ добив уште две Вери, кои ќе ги памтам до крајот на мојот живот.

Нè учеа на дисциплина и култура. Тогаш првпат научив што значи вистинска жена, и дека жената се празнува секој ден со разбирање и љубов, а не со материјални подароци и само за Осми март.

На првиот училиштен час друштво ми правеа мајка ми, татко ми и баба ми. Дури имам фотографија со целиот клас и со баба ми.

За чувства не помнам дали сум била среќна или тажна. Најверојатно возбудена како и секое прваче. Сепак беше одамна.

Први септември ме асицира на завршување на лето и распуст. Скопје во септември ми е најубав. Сите исончани, вратени и подготвени за нови успеси“ - вели Катарина Ивановска.

roditelite-mi-napravija-torta-vo-forma-na-ranec-poznatite-makedonci-se-sekjavaat-na-prviot-uchilishten-den-06.jpg

Александар Белов

„Искрен да бидам, секоја година кога доаѓа овој период некако ме фаќа носталгија на едно преубаво мирно и спокојно време…

Додуша во тоа време чекавме да пораснеме, но тоа е нормално, најверојатно, сега да сакаме да се врати тој период па макар и на ден…

А едно од најубавите сеќавања ми е поделбата кој со кого ќе седи во клупа и тоа секогаш се случуваше баш првиот ден, а и биравме кој ќе биде претседател на одделението.

Па така се сеќавам баш кога бев 7-мо одделение, во ист ден бев избран од цело одделение јас да бидам претседател, и тогаш правев распоред кој со кого ќе седи, па затоа што знаев кој со кого се дружи, така ги ставив“ – вели Александар Белов.

roditelite-mi-napravija-torta-vo-forma-na-ranec-poznatite-makedonci-se-sekjavaat-na-prviot-uchilishten-den-07.jpg

Иван Јованов

„Колку што се сеќавам, бев многу возбуден бидејќи запознавав нови другарчиња во основно…

Бидејќи сум многу комуникативна личност, бев во добри односи со сите. Тоа беше мојот омилен период од детството“ - вели Иван Јованов.

roditelite-mi-napravija-torta-vo-forma-na-ranec-poznatite-makedonci-se-sekjavaat-na-prviot-uchilishten-den-08.jpg

Ивона Јо

„Први септември секогаш ме потсетува на нови тетратки, прибор и многу учебници. Едвај чекав да почне школото.

А случка од основно? Растев во градинка со целата слобода на движење што ја нуди. 7 години во градинка.

Првиот училишен ден после градинка кај мојот учител беше налик на голема брука и срамота. Ивона на сред час си излезе без да праша дали смее.

Учителот со години ја прераскажуваше таа случка - како ноншалантно сум пиела вода кога сакам. Сум станувала од стол - кога сакам. Секако на 2-ри септември веќе ми беше јасно сè. И се коригирав“ - вели Ивона Јо. 

gi-vrativme-poznatite-makedonci-vo-shkolska-klupa-otkrivaat-kakvi-spomeni-im-budi-1-vi-septemvri-02.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Бев на забавата по повод 17-тиот роденден на Бекстејџ - Скопје пулсираше од убава енергија“ На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, ...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg