Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку омраза?“

„Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете, и кога допира не знае тоа дали е грубо или не. Како и сѐ што допира тогаш, на таа возраст. Како кога ја гребе по лице мајка си или ја тегне за нос, како кога го гризе образот на татко му“, вели мајката од Скопје за Инстаграм видеото од син ѝ Мика и мачето, кое поттикна дебата.

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-01.jpg

Мика е 1-годишно момче од Скопје, помало братче на малата модна инфлуенсерка Фрида (5) и момче кое, со помош на својата мајка, полека гради своја мрежа на следбеници на Инстаграм.

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-06.jpg

Се разбира, фотографиите од него и објавите ги подготвува мајка му, која деновиве на Инстаграм се потсети на немила ситуација кога објавила видео како Мика гали маче.

Видеото било снимено кога Мика имал само 14 месеци (односно во јуни 2024-та), а во коментари бил нападнат тој, но и неговите родители дека му дозволуваат да му наштетува на мачето.

На ова неговата мајка вели дека на 14 месеци тој немал добра координација со рацете, како и повеќето деца на оваа возраст, и дека всушност на тој начин искажувал љубов и радост.

Но, дел од следбениците сметаат дека тој му наштетува на мачето и дека мачето може да го повреди во знак на самоодбрана, па родителите треба да бидат повнимателни во вакви ситуации за да не дојде до несакани последици.

Кликнете за да го погледнете видеото:

Таа за CRNOBELO.com проговори за ситуацијата:

„Сакам да порачам - испишете љубов, не говор на омраза!

Од каде потребата за континуирано понижување и навредување на социјалните мрежи?

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-10.jpg

Сигурно сте забележале дека, речиси, под секоја објава на некоја социјална мрежа, има негативни коментари од „експерти“ кои знаат сѐ, од совесни и грижливи родители кои тоа никогаш не би го направиле, од „скромни“ средновечни генерации кои растат во „збеснато” дигитално време и други лица скриени позади лажни профили кои не бираат зборови како ќе се изразат.

Сум сретнала и јас и само едно нешто ме интересира. Во која сфера од живот овие лица се неисполнети за да го пренесуваат бесот на овој начин?

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-04.jpg

А знам, сигурно се работи за несреќен и неисполнет човек.

Зарем човек што е здрав, среќен и спокоен, професионално исполнет и реализиран, со партнер/фамилија и пријатели кои ги сака и го сакаат, финансиски стабилен, би се дрзнал негативно да се изразува и да „плука” по некој што не го познава? Секако дека не.

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-05.jpg

Од друга пак страна, пак, дали сте забележале дека овие лица најчесто се и интелектуално стерилни, па токму и поради тоа во тие негативни коментари погрешно претпоставуваат, носат пребрзо заклучоци, односно поинаку ги доживуваат состојбите, најчесто на штета на оној за кој се однесува објавата.

Така е и во мојот случај.

majka-od-makedonija-objaviv-video-kako-sin-mi-gali-mache-me-napadnaa-deka-go-maltretira-zoshto-tolku-omraza-08.jpg

Погледнете го видеото со Мика, мојот син. Овде има 14 месеци и ќе си пукне од среќа што гледа одблизу маче и што може да го допре.

За неколку месеци ќе наполни 2 години и уште е истата радост за животни, посебно за мачиња и кучиња.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Васил Гарванлиев воодушеви во Лондон - пееше на евровизиски концерт иако Македонија не учествува на ... „Васил од Македонија донесе страст и оган на сцената“ - пишува на видеото од нас...
Синот на Дани Димитровска дипломира на престижен универзитет во Холандија, пејачката горда на негови... „Академски граѓанин. Школството е завршено“, напиша Дани гордо и сподели една од...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...
Елена Најдоски блесна на свадба, Кристина Димитри го покажа дечкото: Што прават македонските ѕвезди ... Сузана Гавазова во Истанбул доби награда за најдобра пејачка од Македонија, Крис...
Познати македонски татковци кои уживаа на летување со децата (фото) Перо Антиќ ги одведе синовите во Анталија, откако претходно летуваа и во Грција,...
Битолчанецот Константин ја запроси Ирена на 125-тиот кат од Бурџ Халифа во Дубаи (фото) „Патувањето во Дубаи ни беше планирано за почетокот на декември, за да го просла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg