Васил Гарванлиев воодушеви во Лондон - пееше на евровизиски концерт иако Македонија не учествува на Евросонг (видео)
- Детали
- понеделник, 14 април 2025
„Васил од Македонија донесе страст и оган на сцената“ - пишува на видеото од настапот на Гарванлиев, а кое го објави најпознатиот евровизиски портал wiwiblogs.
Нашиот Васил Гарванлиев имаше одличен настап на најголемата предевровизиска забава, која се одржа викендов во Лондон.
Станува збор за концерт на кој пееја дел од годинешните учесници на Евросонг и ги промовираа песните со кои ќе настапат на Евровизија во Базел во мај.
Васил, пак, беше поканет како специјален гостин на концертот, бидејќи Македонија и годинава не учествува на Евросонг.
Тој на сцената во Лондон настапи втор и ги отпеа своите две евровизиски песни - Here I Stand (со која настапи во Ротердам 2021) и You, која требаше да ја пее во 2020, кога Евросонг се одржа виртуелно, со снимени видеа од карантин и без натпреварувачки карактер поради короната.
„Васил од Македонија донесе страст и оган на сцената“ - пишува на видеото од настапот на Гарванлиев, а кое го објави најпознатиот евровизиски портал wiwiblogs.
Кликнете на видеото од настапот на Васил во Лондон:
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:





