„Божилаче мое“ - Порасна помалата ќерка на Сузана Турунџиева - Матеа наполни 16 години
- Детали
- четврток, 09 јануари 2025
„Матеа кога беше малечка ми велеше: ‘Мамо, ти не си стара, само ти се големи годините’“, открива Сузана Турунџиева и ѝ го честита роденденот на ќерка си.
Сузана Турунџиева (55) на Божиќ го прослави 16-тиот роденден на помалата ќерка Матеа.
Откако постарата ќерка Лора се омажи, Матеа е најверната придружничка на мајка си, од патувања до настани од секојдневието.
На Фејсбук Сузана напиша:
„На 07.01 моето Божилаче наполни 16-че.
Кога беше малечка ми велеше: ‘Мамо, ти не си стара, само ти се големи годините’.
Сè што можам да посакам на овој Божиќ е да дочека гоолеми, мнооогу поголеми години од моите во здравје и љубов, а јас да бидам до неа и со неа уште минимум 16 родендени.
Христос се роди. За многу години Божиќ“.
Претходно, со албум фотографии Сузана се збогуваше со 2024-та година за која напиша:
„Ја испраќам оваа фуриозна 2024-та година која изобилуваше со многу патувања, настапи, музика, успешни емисии, нови пријателства, многу пријатни и по некое непријатно изненадување...
Благодарна сум за сè што ми даде. На крајот од годината добив и еден специјален благослов кој ми ја активира волјата на најјако и ме поттикна да отворам ново поглавје, нов почеток, нова јас...
Очекувам од 2025 да биде многу подобра, исполнета со многу патувања и убави луѓе, многу концерти со моите Фриди, посакувам многу здравје за сите и добра мисла секој ден. Бидејќи какви ни се мислите - таков ни е животот!
Кога ќе западнеш во тешки и неповолни ситуации, кога имаш впечаток дека светот се руши пред тебе, кога не можеш да го видиш излезот, сети се дека во тебе постои огромна движечка сила, посилна од сите пари на овој свет, посилна од електрична и атомска енергија...
Таа сила е твојата ВОЛЈА, која поткрепена од Божјата волја прави чуда!
Не заборавај да ја вклучиш твојата волја!“
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





