Дечко од Италија запроси Македонка: „Знаеш дека е вистинскиот кога ќе те побара со прстенот од баба му“
- Детали
- понеделник, 23 декември 2024
„Мојот партнер Даниеле сакал запросувањето да се случи во Италија, токму во земјата од каде што потекнува и тоа со прстенот од баба му“, вели Сара, која е позната како наш еко активист.
Сара е магистриран архитект, родена е и израсната во Македонија, но има живеено во Италија и Франција.
Со својата другарка Кате го отвори профилот „Yes for Less“, каде порачуваат да рециклираме и да ја чуваме природата затоа што таа ни е сè.
Таа на овој Инстаграм профил откри дека нејзиниот сакан ја запросил и тоа со прстенот од баба му.
Уникатно и романтично, зарем не?
„Знаеш дека е вистинскиот кога ќе те запроси со прстенот од баба му“, напиша таа.
Запросувањето се случило за време на сафари во Италија, во градот Фазано.
Сара за запросувањето вели:
„После скоро 8 години заедно (од кои 3,5 години врска на далечина) Даниеле ме однесе во ЗОО сафари и ми се оствари една од желбите кои ги имав уште од мнооогу мала - да гушнам и галам зебра.
Тој сакал запросувањето да се случи во Италија, токму во земјата од каде што потекнува и тоа со прстенот од баба му“.
Прочитајте и Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите
С. С. | Црнобело