Браво! Две наши девојки со корисни совети како Македонија да биде поздраво и поубаво место за живот

„Еден ден пред врата ги најдов патиките на мојот партнер, спремни за нивната финална дестинација - контејнер. Навидум сосема исправни, испадна дека се работи за одлепен ѓон. Трк до чевлар и само за 420 денари животот на овие патики се продолжи барем за неколку месеци...“, вели едната од нив. Горди сме што Македонија има младина како Кате и Сара!

bravo-dve-devojki-so-korisni-soveti-kako-makedonija-da-bide-pozdravo-i-poubavo-mesto-za-zhivot-01.jpg

Кате и Сара се две млади ентузијастки кои сакаат промените од светот да ги донесат и во Македонија со цел да ја заштитиме природата. Горди сме и среќни што имаме ваква младина.

Кате е магистер по Енергетска транзиција, додека Сара е магистриран архитект. Двете се родени и израснати во Македонија и имаат живеено во различни држави низ Европа: Италија, Франција, Португалија, Шпанија, Полска...

Моментално Кате живее и работи во Барселона, додека Сара во Париз. Живеејќи на сите овие места виделе како различни европски земји и нивните жители се борат за намалување на негативните ефекти од климатските промени.

Тие порачувааат: „Ако некогаш сте помислиле дека треба да промените некои од вашите навики за да помогнете кон поодржлив развој на вашето општество, но не сте знаеле од каде да почнете или не сте се осмелиле поради било која причина - придружите ни се и кажете YES for less!“

Неколку совети од нив:

Нов живот на старите патики

„Кога зборуваме за мода/облека/шопинг најчесто женската популација се смета за поинволвирана и позасегната за овие теми. Тоа што мажите најчесто имаат помала количина на облека не значи дека не треба да се грижат за неа исто колку и ние жените.

Еден ден пред врата ги најдов патиките на мојот партнер, спремни за нивната финална дестинација - контејнер. Навидум сосема исправни, испадна дека се работи за одлепен ѓон.

Трк до чевлар и само за 420 денари животот на овие патики се продолжи барем за неколку месеци. Не заборавајте да ги вклучите вашите браќа, татковци, другари и партнери во процесот.“

Дрвени четки за заби наместо пластични

Купатилото е едно од местата во секој дом каде што има многу пластика. Затоа, една од првите промени кои ги направивме беше замена на четката за заби од пластика со четка од бамбус.

Иако со користење на бамбус четка би спасиле неколку кила пластика од депонија, ова е производ што секој од нас го користи така што колективно промената би имала голем ефект.

Дали сте знаеле дека рачките на повеќето стандардни четки за заби се направени од полипропиленска пластика, влакната се од најлон, a двата материјали се добиваат од фосилни горива чие согорување е една од главните причини за климатските промени?

Најпозитивната работа покрај тоа што може да се рециклира, е што бамбусот е органски материјал кој е биоразградлив. По искористување на четката може да ја ставите рачката во земја и самата би требало да ce распадне во времетраење од 6 месеци до 2 години. Ние сè уште не сме го пробале ова, но штом го направиме ќе ве известиме!

Менструална чашка наместо тампони

Една од најдобрите замени за еко производ кои ги имам направено во последните неколку години е менструалната чашка која се користи наместо влошки и тампони. Како и повеќето девојки, прво бев исплашена како ќе ја ставам и извадам, дали ќе ми биде удобна и сл., но откако почнав да ја користам по препорака од другарка, не можам да се одлучам кој од бенефитите ми е поомилен:

Не ѝ штети на животната средина - менструацијата како неизбежен процес кај нас девојките не “принудува” да создаваме отпад барем половина од нашиот живот. Чашката ја штити природата со тоа што е реупотреблива и спречува илјадници влошки и тампони да завршат во депонија.

Штеди пари и време - ако за менструација која во просек трае 5 дена се трошат 15-20 влошки кои чинат 150 ден. тоа се 1800 ден. годишно. Чашката што ја користам ме чинеше 750 ден. (редовна цена е 1.500ден. но често има промоција 2 за 1) и може да се користи и до 10 години што значи дека сме во заштеда уште после првата година.

Удобна до степен да заборавите дека сте во тие денови - може да се носи и до 12h затоа што собира 3 пати повеќе од обичните тампони. Со оглед на тоа што е невидлива еднаш кога ќе ја ставите, често ми се случува потполно да заборавам дека имам менструација. Исто така не создава триење меѓу бутовите што ми беше чест проблем додека користев влошки.

П.С. ​Сара сè уште не ја користи, ама полека но сигурно ја убедив и еве ја наскоро ќе почне и она. Ако и ти си по малце скептична како неа, ќе бидам среќна да ги одговорам твоите прашања и да те поддржам во одлуката за оваа замена.

 Облека од втора рака или од локални дизајнери кои поддржуваат одржлива мода

„Што може ние да направиме како купувачи против брзата мода? Читнете ги нашите совети погоре, а ако веќе стварно нешто ни треба може да разгледаме опции како second-hand продавници.

Иако во Македонија ваквите продавници не се многу популарни и ги има во мал број, запознаени сме со @skinned.vintage кои се пример за успешно водење на поодржлив начин на шопинг во нашата земја.

Исто така, сметаме дека одлична опција е шиење кај локални дизајнери кои ја поддржуваат одржливата мода како на пример @irina.tosheva . На тој начин ем ќе имате уникатно парче направено од материјали кои токму вие ќе може да си ги изберете, ем ќе знаете дека поддржувате локални луѓе кои живеат од и ЗА мода, наместо огромни коорпорации и цели бизниси.“

Еве уште неколку нивни одлуки за 2022-ра кои можеби ќе ве инспирираат и вас:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Тие им се најголема поддршка - Како изгледаат сопругите на македонските пејачи? Јоце Панов и неговата избраничка биле во врска 10 години пред да стапат во брак,...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg