Марија од Скопје со исповед што освестува: „Насобраниот стрес ми резултираше со Хашимото тироидитис“
- Детали
- четврток, 19 декември 2024
„Изминатава година беше чудно турбулентна. Имаше многу неубави вести. Доживеав и класичен „burnout“ (прегорување од преоптовареност) и акумулиран стрес што резултираше со Хашимото тироидитис“, вели Марија од Скопје, позната на Инстаграм по нејзините прекрасни рецепти како МаријаМаријаМарија.
Марија (39) од Скопје позната како „МаријаМаријаМарија“ на Инстаграм е наша инфлуенсерка и нутриционист, која воодушевува со вкусните и здрави рецепти кои ги споделува.
Таа, исто така, е голем вљубеник во патувањата, иако ова го прави малку поретко откако се реализираше во улогата на мајка.
Сепак, дека и со дете може да се патува и да се помине одлично и на далечна, егзотична дестинација е доказ нејзиното семејно патување на Малдиви.
Таа оттаму објави прекрасни фотки и видеа и во една објава искрено открива дека ова патување ѝ е награда за тешката година која ја има зад себе и со тоа потсетува дека во животот најважна е грижата за себе и своето здравје.
Искрената исповед на Марија:
„Изминатава година беше чудно турбулентна. На некои полиња многу успешна, на други, мнооогу помалку.
Во 2024 работев многу и сработев многу, квалитетно и успешно - на што сум особено горда.
Но, во исто време доживеав и класичен „burnout“ (прегорување од преоптовареност) и акумулиран стрес што резултираше со Хашимото тироидитис.
Годинава имав прекрасни мигови, но и многу, ама многу стресни денови, што искрено не верував дека ќе ги издржам и пребродам.
„Машки“ се справив со многу деликатни ситуации и за жал, добив многу неубави вести…
Така некако одбрав овој одмор да ми биде награда за цела година.
За сѐ што сработев, направив, издржав, реализирав, пребродив, премолчев… И баш ваков одмор ми беше повеќе од потребен - ментално, емоционално и физички.
За прв пат годинава не мислев на ништо друго освен на она што ми се случува тука, бев комплетно присутна и вистински одморав.
Не сум сигурна што ќе донесе следната година, но си ветив дека ќе дадам сè од себе малку да успорам, приоритет да ми биде грижата за себе, сопственото здравје и здравјето на моето семејство.
Дека нема да правам компромиси околу нешта што ме исполнуваат и прават среќна и дека ќе се фокусирам годината да биде исполнета со повеќе авантури, но и успеси.
Веќе почнав да си креирам „vision board“ (табла на цели) за следната година, а зборот за 2025 е: Flourish. Со ова, сакам да ја искомбинирам моќта на неколкуте зборови што ќе ми бидат во фокус годинава и нивната моќ, како: self-care, creation, discipline, growth (грижа за себе, креирање, дисциплина, раст)“.
Прочитајте и На гости кај Марија: Светол стан од 100м2 во Скопје со асиметрија, многу книги и растенија (фото)
С. С. | Црнобело