Ина Многуфина: „Го хејтаа Никола Ѓуретановиќ (17) дека бил последен - Сега, постави нов рекорд во македонското пливање“

„Ви текнува на она детено летово што пливаше и стигна последно и се појавија тастатура пливачите кои имаат неколкупати пливано во Пефкохори до длабокото?“, започнува објавата на Ина Многуфина по повод успехот на Никола Ѓуретановиќ, кој постави нов рекорд во македонското пливање, а кој летово беше критикуван.

ina-mnogufina-go-hejtaa-nikola-gjuretanovikj-deka-bil-posleden-sega-postavi-nov-rekord-vo-makedonskoto-plivanje-01.jpg

Никола Ѓуретановиќ (17) е македонски пливач кој испиша историја. Тој постави нов рекорд во македонското пливање на Светското првенство во Будимпешта.

ina-mnogufina-go-hejtaa-nikola-gjuretanovikj-deka-bil-posleden-sega-postavi-nov-rekord-vo-makedonskoto-plivanje-03.jpg

Од Македонскиот олимписки комитет објавија:

„Никола Ѓуретановиќ постави нов македонски рекорд!

17-годишниот Никола Ѓуретановиќ, учесник на последните Летни Олимписки игри во Париз, исплива одлична трка на 400 метри на Светското првенство во 25-метарски базени, тој убедливо го собори досегашниот национален рекорд.

Никола го освои 40. место од 49. пливачи на 400 метри слободно на Светското првенство во 25-метарски базени кое се одржува во Будимпешта. Унгарија.

Ѓуретановиќ трката на 400 метри ја заврши со време од 3:53.05 минути што беше за девет секунди подобро од неговото пријавено време, но и за три секунди побрзо од досегашниот македонски рекорд кој беше во сопствеништво на Марко Блажевски“.

ina-mnogufina-go-hejtaa-nikola-gjuretanovikj-deka-bil-posleden-sega-postavi-nov-rekord-vo-makedonskoto-plivanje-04povekje.jpgфото: Фејсбук

ina-mnogufina-go-hejtaa-nikola-gjuretanovikj-deka-bil-posleden-sega-postavi-nov-rekord-vo-makedonskoto-plivanje-03povekje.jpg

По овој успех на Никола, имаше лавина од позитивни коментари на социјалните мрежи, меѓу кои се истакна оној на Ина Многуфина.

Таа потсети на ситуацијата кога во јули годинава Никола Ѓуретановиќ заврши на последното место во квалификациите на 400 метри слободен стил на Олимписките игри во Париз и стана мета на критики на социјалните мрежи.

Коментарот гласи:

„Ви текнува на она детено летово што пливаше и стигна последно и се појавија тастатура пливачите кои имаат неколкупати пливано во Пефкохори до длабокото, оние што имаат гледано други како пливаат и тие што мислат дека само они треба да се ѕвезди на македонското пливање, друг никој да не се бања?

Па, ви текнува колку го хејтаа дека бил последен, а они ни на каса во маркет не биле први?

Е, тоа дете, Никола Ѓуретановиќ постави нов апсолутен и младински рекорд во македонското пливање. Онака баш, он го постави новиот рекорд во македонското пливање! 17 години, а веќе ѕвезда во македонскиот спорт. Секоја чест!“

ina-mnogufina-go-hejtaa-nikola-gjuretanovikj-deka-bil-posleden-sega-postavi-nov-rekord-vo-makedonskoto-plivanje-02povekje_copy.jpgфото: Фејсбук

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Наташа Фигурела цело лето е на грчки остров: „Првпат дојдов на Миконос во 2004 година и се заљубив в... „Почнав секоја година да доаѓам на Миконос, бидејќи на овој остров се чувствувам...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
Денес се слави Свети Никола Чудотворец – Заштитник на домот и на сиромашните Свети Никола е најчестата слава во македонските домови. Се верува дека овој свет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg