Најслатките писма до Дедо Мраз од деца од Македонија: „Јас сакам двајца браќа“

„Драг Дедо Мраз, за Нова Година посакуваме да им однесеш подароци на сите деца што немаат. Те сакаат Лазар и Ева“ / „Драг и добар Дедо Мраз! Јас годинава бев умен и би сакал кутија сликички од албумот Fifa 365 2025“ - деца од Македонија за CRNOBELO.com споделуваат писма со желби до Дедо Мраз за новата 2025. 

najslatkite-pisma-do-dedo-mraz-od-deca-od-makedonija-jas-sakam-dvajca-brakja-1.jpg

Како што наближува празничната сезона, во домовите на семејствата еуфоријата станува уште поголема со писмата на децата до Дедо Мраз.

Нивните желби се чисти, искрени и олицетворение на вистинската радост – од наједноставни барања за играчки до омилената храна, но има и такви кои ја покажуваат својата добродушност и потреба сите деца да бидат среќни.

Овие писма се потсетник дека радоста е во малите нешта и ја прикажуваат магијата во верувањето и надежта дека некој ќе им ги исполни најголемите соништа, бидејќи не постои поголема радост од моментот кога ќе си ги отворат пакетчињата.

Побаравме од неколку дечиња од Македонија да ги споделат своите писма до Дедо Мраз со нас, а резултатот е преслатка колекција со најубавите желби за новата 2025 година.

Погледнете неколку од нив во продолжение, споделени за CRNOBELO.com:

Дина Дуриданска, 7 години

За лажниот Дедо Мраз, сакам ролерки, тиркизен саат за јавување, да скијам, телефон и маска за телефон, ама светкава и ролерки како на Илина. И Мама Миа пицерија за тато да прави пица. 

За Дедо Мраз од Дина.

pisma-do-dedo-mraz-od-deca-od-makedonija20.jpg

pisma-do-dedo-mraz-od-deca-od-makedonija-21.jpg

Лео Галески, 3 години

Сакам ананас и колаче.

pisma-do-dedo-mraz-od-deca-od-makedonija-02.jpg

Ѓеорѓи Стојанов, 4 години и Лукас Стојанов, 2 години

Драг Дедо Мраз, ти го пишувам ова писмо со насмевка, возбуда и среќно лице.

Знаеш дека нема лоши деца во светот, само можеби лоши однесувања кои секогаш и секој ден имаме можност да ги поправиме и научиме. А од кој би научиле најдобро ако не од родителите.

Јас оваа година се трудев да сум добро и вредно дете и во моето мало срце има многу љубов за сите.

Моите желби оваа година се да ми донесеш пакетчиња со ЛЕГО и магнетни коцки и гаража. Ама и на сите деца да има, не заборавај!

Ѓеорѓи.

pisma-do-dedo-mraz-od-deca-od-makedonija-02.jpeg

Драг Дедо Мраз, јас сум уште многу мал за вистински да ја доживувам твојата магичност, ама во себе носам срце полно љубов створено да прима подароци и да шири насмевки.

Сакам сите деца во светот да се здрави, среќни и благодарни. Ги сакам сите играчки со кои игра бато, па ако може донеси ми исти.

Ааа, сакам и многу книги, така спијам најубаво секоја ноќ.

Со љубов, Лукас.

pisma-do-dedo-mraz-od-deca-od-makedonija-03.jpeg

pisma-do-dedo-mraz-od-deca-od-makedonija-05.jpeg

Лазар (7) и Ева (5)

Драг Дедо Мраз, за Нова Година посакуваме да им однесеш подароци на сите деца што немаат.

Те сакаат Лазар и Ева.

pisma-do-dedo-mraz-od-deca-od-makedonija-11_copy.jpg

pisma-do-dedo-mraz-od-deca-od-makedonija-.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Македонија е на 47-то место на листата за најдобра национална кујна во светот - Кои се нашите топ 10... Кои се задолжителните работи кои мора да ги пробате од македонската кујна? Како ...
Дедо Ѓорѓи од Радовиш наполни 100 години - Секој ден пешачи, денот го започнува со мед и млеко „Тој постојано пешачи и се труди секој ден да има умерена физичка активност. Нај...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg