Браво! Јована (10) доби мобилно столче, благодарение на хуманоста на Македонците
- Детали
- среда, 27 ноември 2024
Мобилното столче е инсталирано во домот на 10-годишната Јована, која боледува од WEST Syndrom. Со помош на хуманите Македонци, таа сега сама може да се движи по скалите во домот, без помош од родителите.
Уште еднаш покажавме дека сме хуман народ, кој знае да се сплоти во миговите кога помошта некому му е потребна.
По апелот за помош на 10-годишната Јована на платформата e-Crowd каде се собираа пари за да се купи мобилна скалишна столица за неа, нашите хумани луѓе веднаш донираа средства, а собрани се 320.900 денари (околу 5.260 евра).
Од најновото видео објавено на Фејсбук страната на платформата, може да се види дека помагалото е веќе монтирано во нејзиниот дом.
Народе прекрасен, заедно го продвиживме светот на Јована, скалишната столица е монтирана, Ви благодариме за секој еден денар донација!!! #ecrowd #помош #поддршка #philanthropy #donate #donation
-->-->Posted by ECrowd.mk on Wednesday, November 27, 2024
Малата Јована боледува од ретката болест WEST Syndrom, што вусшност претставува малиген епилептичен синдром.
Се карактеризира со збир на симптоми како епилептични и инфантилни спазми, абнормални шеми на мозочни бранови и честа интелектуална попреченост.
Кај Јована движењето е прилично отежнато, заради што нејзините родители мораа постојано да ѝ помагаат да се движи по скалите во домот, што стануваше сѐ потешко заради нејзината возраст.
Македонците покажаа уште еднаш на дело дека се хуман народ и помогнаа да се придвижи светот на Јована, а со тоа колку-толку им помогнаа на нивните родители за да им се олесни тешкиот живот со дете со ретка болест.
Б. С. Б. | Црнобело