Се слави свети Ѓорѓи – Се јавува како витез за да им помогне на оние што го слават

Во ноември и декември има две куќни слави посветени на великомаченикот Георгиј. Денешниот ден е посветен на возобновувањето на неговиот храм во Палестина. Среќна слава на сите што слават!

se-slavi-sveti-gjorgji-srekjna-slava-01_copy_copy.jpg

На 16-ти ноември се слави празникот Обновување на храмот на светиот великомаченик Георгиј во Лида, кој се слави како куќна слава во голем број македонски семејства.

Овој празник му припаѓа на есенскиот циклус празници, а востановен е во чест на обновувањето и осветувањето на храмот посветен на големиот светител.

Главниот празник посветен на светиот великомаченик Георгиј – Победоносец се слави на 6-ти мај, кој во народот е познат и како „Ѓурѓовден“ и се смета за еден од поважните пролетни празници.

Во есенскиот циклус има два празници посветени на Свети Ѓорѓи, првиот на 16-ти ноември, а вториот на 9-ти декември.

se-slavi-sveti-gjorgji-srekjna-slava-02.jpg

Светиот великомаченик, победоносец и чудотворец Георгиј се родил. Живеел и пострадал при крајот на третиот и на почетокот на четвртиот век, во времето на владеењето на Диоклецијан, кој од 303-та година почнал силен прогон против христијаните.

Пред крајот на својот живот, кога бил во затвор свети Георгиј побарал да го посети неговиот слуга. Тој го замолил, по смртта неговите мошти да бидат пренесени во Палестина, родното место на мајката на светецот.

Царот Константин кој многу го почитувал свети Георгиј, во Лида во Палестина изградил голем храм посветен на светецот и таму било положено неговото тело.

se-slavi-sveti-gjorgji-srekjna-slava-03.jpg

Денешниот празник е востановен во чест на обновувањето и осветувањето на храмот, а во голем број македонски семејства се слави и како куќна слава.

 На православните икони свети Ѓорѓи е претставен како со меч ја прободува ламјата која е симбол на паганската вечера, додека на иконата која го претставува денешниот празник, најчесто е претставен како држи копје во рацете.

Се верувало дека свети Ѓорѓија знае да им помогне на тие што се во неволја. Најчесто се појавува во облик на млад витез на коњ, а најмногу им помага на оние што го слават неговиот ден.

se-slavi-sveti-gjorgji-srekjna-slava-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Денес е летен Свети Никола – Обичаи и верувања поврзани со овој празник Во минатото, на денешен ден рибарите не влегувале во езерата, а се верувало дека...
Браво! Осамна мурал од Ѓорѓи Колозов во кафуле во близина на Соборна црква Тој нè напушти во 2003 година, но како да беше вчера. Засекогаш ќе ги имаме нају...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Жарко Димоски го прослави првиот роденден на синот - забава покрај базен во морнарски стил за Вито Освен на облеката во морнарски стил, актерот и неговата сопруга Андреа внимавале...
Денеска е „Огнена Марија“ – Што не треба да правите на овој ден? Се верува дека „Огнена Марија“ е сестра на громовникот Илија и слично како него,...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg