Емра Куртишова го прослави првиот роденден на ќеркичката: „Среќа до небото и назад“
- Детали
- вторник, 29 октомври 2024
„Среќа до небото и назад. Гордост наша, среќен роденден“, напиша Емра Куртишова и објави фотки од роденденската прослава на ќерката Лена која наполни 1 година.
Актерите Емра Куртишова и Петар Стојанов направија забава за првиот роденден на нивната ќерка Лена, која е родена на 29 октомври 2023.
Тие прославија во ресторан во Скопје со семејството и блиски пријатели, а Емра сподели неколку фотографии на Инстаграм.
Лена е веќе вистинска копија на својата мајка, со кадрава коса и прекрасна насмевка.
„Среќа до небото и назад. Гордост наша, среќен роденден“, напиша актерката на Инстаграм.
За роденденот беше дотерана во сукњичка од тул, бела блуза и кожена јакна.
Емра и Петар, пак, за ќерката избраа торта со фигура на слон, па тројцата заедно ја дувнаа златната свеќичка со бројот 1.
Тие во август 2024 на Лена ѝ направија крштевка во Гевгелија, од каде што потекнува Петар.
Погледнете ги роденденските фотографии на Лена:
Прочитајте и Емра Куртишова направи крштевка за ќерката - Розова торта и шарени колачиња за Лена
А. Ј. | Црнобело