Локал во Скопје како од есенска сказна: Тикви и портокалови нијанси за совршени Инстаграм фотки
- Детали
- среда, 23 октомври 2024
Breadway Taste Gallery, локалот во срцето на Скопје кој неколкупати во годината го менува својот изглед, овој пат е „обоен“ во портокалови и кафеави тонови и мириса на есен...
Breadway Taste Gallery во центарот на Скопје, важи за едно од омилените места на нашите инстаграмџии, но и на родителите со мали деца.
Ова се случува особено на почетокот на секоја сезона, кога локалот ќе го смени својот изглед и ќе се појави во ново руво пред посетителите и минувачите.
Локалот, кој неколкупати во годината го менува својот изглед, овој пат е „обоен“ во портокалови и кафеави тонови - во чест на есента.
Уште кога ќе го видите оддалеку, не можете, а да не ги забележите украсните тикви и есенските декорации од „суви“ лисја кои се совршена основа за шарените шолји со ракуни и лисици, во кои ќе ви послужат топол напиток со мирис на цимет, ванила или тиква.
Сè околу Breadway Taste Gallery мириса на есен.
А, најмладите, пред Ноќта на вештерките (31.10), пак, се забавуваат со Wednesday, маскотата која се гушка и фотографира со сите дечиња, дури и со оние кои само шетаат по улицата „Македонија“ со своите родители.
Во духот на овој ден, еден дел од локалот е украсен со „духови“, пајаци, а има и „страшни“ колачиња.