Лила Филиповска прослави роденден во Малта: „Убав е животот кога ќе помислиш колку е непредвидлив и краток“

„Не сакам да зборувам за она низ што поминав, тоа што ме болеше сега е минато... И јас не знам од каде толку години се направија, ама мои се и ги сакам“ – напиша Лила на роденденското видео од прославата во Малта.

lila-filipovska-proslavi-rodenden-vo-malta-ubav-e-zhivotot-koga-kje-pomislish-kolku-e-nepredvidliv-i-kratok-01.jpg

Лила Филиповска деновиве ужива во патувачка авантура низ Малта заедно со пријателките.

Таму таа го прослави и својот роденден, а на Инстаграм објави видео, на кое облечена во целосно црн аутфит танцува, се забавува со роденденски реквизити и дува свеќички на колач.

Во позадина на видеото свири песната „The Winner Takes it All“ од ABBA, a во описот на објавата напиша:

Она што сакав да го кажам е кажано во оваа песна, овој вечен евергрин „The winner takes it all“.

„Не сакам да зборувам за она низ што поминав,
тоа што ме болеше сега е минато
Можеби е победа , или само судбина
Сепак… само победникот зема сѐ…“

Ова е мојата верзија и многу ми се допаѓа.

Убав е животот драги пријатели, уште поубав кога ќе помислиш колку е непредвидлив и краток. Не ме прашувајте како знам.

Затоа да уживаме, да шетаме, да се дружиме и да се сакаме.
И само здравје да дава Бог.

И не ме прашувајте, и јас не знам од каде волку години се направија. Ама мои се си ги сакам.

View this post on Instagram

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила по 4 месеци повторно на Бали: „Затоа што еднаш не е доволно“ Лила Филиповска повторно ужива на Бали, само неколку месеци откако го посети ост...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Лила Филиповска за ракот на дојка: „На син ми му реков - Канцер е, но ќе го средиме, немој да се сек... „Дијагнозата е најтешкото нешто, затоа што кога ќе се каже канцер, како да ти ка...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Како си поминав на првата „Оскаровска гала вечер“ во Скопје, концерт посветен на филмската музика? Шоуто „го украде“ Ана Петановска, која го остави срцето на сцена додека ги пееше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg