Штипјанецот „Моно Алекс“ е хит на Инстаграм со луксузниот животен стил: „Сакам убав живот“
- Детали
- четврток, 03 октомври 2024
„Сакам луксузен животен стил, едноставно сакам убав живот и тоа и го презентирам на Инстаграм“, вели бизнисменот Ацо Николовски од Штип, кој на Инстаграм се прослави под прекарот „Моно Алекс“.
Ацо Николовски од Штип на Инстаграм е познат како „Моно Алекс“ (Mono Alex) и има повеќе од 138.000 следбеници, пред кои секојдневно го презентира својот луксузен животен стил.
Станува збор за македонски бизнисмен, кој се занимава со градежништво и хотелиерство во Грција, но и во целиот регион.
На Инстаграм се прослави со видеата на кои се гледа дека е вистински хедонист и во животот на прво место му е уживањето.
Ацо Николовски за CRNOBELO.com вели:
„Сакам луксузен животен стил, едноставно сакам убав живот и тоа и го презентирам на Инстаграм.
Веќе речиси 8 години во најголем дел од годината живеам во Солун, но во зависност од потребата на моите бизниси, во периоди од годината живеам и на Халкидики и Миконос, како и во Скопје, а зимските месеци задолжително ги користам за престој на топли места.
Но, Солун дефинитивно ми е најубав град за живот во регионот.
Инстаграм профилот го водам од 2018-та година и таму презентирам сè што ме исполнува, од автомобили и мода до патувања. Автомобилите ми се страст, имам 5-6 во својата колекција.
Во животот ме исполнува буквално сè што е убаво“.