Давор ја запроси саканата Соња во Галичник: „Ми приреди вистински шок, ми требаа неколку минути да кажам ДА“

„Искрено, очекував тоа да се случи на патувањето во Сицилија, кај што бевме пред 2 недели, но тоа не се случи. Давор ме запроси кога најмалку очекував и тој момент ми беше вистински шок, исполнет со емоции и радост“, вели Соња од Македонски Брод за неочекуваното запросување на Галичица.

davor-ja-zaprosi-sakanata-sonja-vo-galichnik-mi-priredi-vistinski-shok-mi-trebaa-nekolku-minuti-da-kazham-da-01.jpg

Соња Јованоска (25) и Давор Ангелоски (31) од Македонски Брод наскоро ќе стапат и во брак, откако Давор ја изненади својата сакана и ја запроси на Галичник.

Соња, која е дипломиран инженер по бизнис информатика, и работи во Министерството за локална самоуправа и Давор, вработен во Царинската управа, се 9 години во врска.

И покрај тоа, Давор успеал да ја збуни Соња со запросувањето, па на неа ѝ требале неколку моменти да се соземе од изненадувањето и да му каже „ДА“.

За запросувањето на едно од најубавите места кај нас, Соња раскажа за CRNOBELO.com:

„Давор и јас сме заедно од моите средношколски години, веќе 9 години.

Во тој период, Давор имаше сопствен бизнис и управуваше со угостителски објект и тоа беше местото на нашите почетоци.

Таму започна нашата врска и длабоката поврзаност, која продолжува денес и ќе трае засекогаш.

davor-ja-zaprosi-sakanata-sonja-vo-galichnik-mi-priredi-vistinski-shok-mi-trebaa-nekolku-minuti-da-kazham-da-08.jpg

Со оглед на тоа дека бевме во врска толку години, беше природно да очекувам дека ќе ме запроси.

Искрено, очекував тоа да се случи на патувањето во Сицилија, каде што бевме пред две недели.

Истото мислење го имаа и нашите пријатели и веруваа дека Сицилија би била идеално место за таков потег, но тоа не се случи таму.

Давор ме запроси кога најмалку очекувавме и ни приреди големо изненадување на сите, а најмногу на мене.

davor-ja-zaprosi-sakanata-sonja-vo-galichnik-mi-priredi-vistinski-shok-mi-trebaa-nekolku-minuti-da-kazham-da-07.jpg

Тој момент беше вистински шок, исполнет со емоции и радост и ќе остане запаметен како еден од најважните моменти во нашата врска.

Бевме договорени да одиме на ручек и неколкупати разговаравме за тоа колку сакаме да го посетиме Галичник, познат по својата неверојатна природна убавина и традиционалната македонска архитектура.

Овој пат решивме да го избереме хотел „Неда“ за ручек, и токму таму, на сосема неочекуван начин, се случи запросувањето.

Не знам дали си спремил некаков говор, мислам дека секој говор и подготовки се забораваат во тој момент - најважно беше само прашањето „Дали ќе се омажиш за мене?“.

davor-ja-zaprosi-sakanata-sonja-vo-galichnik-mi-priredi-vistinski-shok-mi-trebaa-nekolku-minuti-da-kazham-da-03_copy_copy.jpg

А јас бев толку изненадена што не можев веднаш да одговорам. По неколку минути, со многу емоции кажав „ДА“.

Прстенот навистина е многу внимателно избран и точен. Многу го сакам.

Давор го избрал сам и го чувал дома една недела пред да ме запроси, со страв дека ќе го најдам.

davor-ja-zaprosi-sakanata-sonja-vo-galichnik-mi-priredi-vistinski-shok-mi-trebaa-nekolku-minuti-da-kazham-da-02.jpg

Додека бевме на ручек, тој успешно ги криеше своите емоции и чекал совршен момент за да ми предложи брак.

Ми кажа дека немал трема бидејќи бил целосно сигурен во својата одлука.

Кога ме запроси, најпрво ја гледавме реакцијата на мајката на Давор и на мојот братучед кои беа со нас, а потоа ги контактиравме сите најблиски.

Прво се јавив на моите родители и на брат ми, и сите беа многу радосни и возбудени за нас, а нивната поддршка и љубов направија да се чувствуваме уште посреќни. Имаше многу емоции.

davor-ja-zaprosi-sakanata-sonja-vo-galichnik-mi-priredi-vistinski-shok-mi-trebaa-nekolku-minuti-da-kazham-da-04.jpg

Со Давор претходно сме разговарале за свадба, особено што последните две години присуствувавме на многу свадби на наши блиски пријатели и роднини.

Тие моменти ни беа како инспирација и идеја како би ја организирале нашата сопствена свадба.

И сега кога веќе ова се случи, мислам дека организацијата ќе ни оди многу полесно и побрзо“.

davor-ja-zaprosi-sakanata-sonja-vo-galichnik-mi-priredi-vistinski-shok-mi-trebaa-nekolku-minuti-da-kazham-da-05.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Кристина Димитри го остави дечкото чиј идентитет го криеше: „Со песна ќе ја затвориме оваа голема љу... „Бидејќи ве информирав за мојата љубов, сега добивам милион пораки за истата. Вр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg