Деспина, техничар за маникир од Скопје: „Од такт ме вади непојавувањето на термин на клиентките, треба да се воведе капар“

„На моменти се прашувам дали сум маникир мајстор или психијатар, секој доаѓа да си го каже проблемот, маката и очекува за мала сума пари да си излезе со средени нокти, среден проблем и позитивна енергија“, вели Деспина Гоцева од Скопје.

despina-tehnichar-za-manikir-od-skopje-od-takt-me-vadi-nepojavuvanjeto-na-termin-na-klientkite-treba-da-se-vovede-kapar-01.jpg

Деспина Гоцева од Скопје речиси 5 години е сопственичка на салонот за нокти и шминка „Gossip Room“, кој е познат по комплетно розовиот ентериер.

Деспина постојано на својот Инстаграм профил отворено говори за убавите работи во нејзината професија, но и за проблемите со кои се соочува со клиентките.

Таа отворено споделува што ѝ пречи најмногу:

„На моменти се прашувам дали сум маникир мајстор или психијатар, секој доаѓа да си го каже проблемот, маката и очекува за мала сума пари да си излезе со средени нокти, среден проблем и позитивна енергија. Но, тоа е дел од работата, го имам прифатено и не ме нервира толку.

Сепак, клиентот заборава дека како него имам уште 50 други клиенти и дека секој нивен проблем го слушам и се трудам да им помогнам, но жал ми е што мене никогаш не ме прашале како сум.

Интересно е тука што кога ќе дојдат како да не знаат како да се однесуваат. Ќе им кажам сврти ја обратно раката 10 секунди, а потоа стави ја да се суши, а тие ме гледаат како да не знаат што се случува, а гелот веќе се разлеал по прстите...

Потоа мора пак си одиме од почеток со целата постапка и така засекогаш решаваме „равенки“.

Но, дефинитивно како еден најголем проблем со кој се соочувам во мојот салон за нокти, а претпоставувам дека е така и во другите професии е непојавувањето на термин, па затоа и трендот на оставање на капар сè побрзо доаѓа и кај нас.

Ова навистина е нешто што ми лежи на душата.

Доцнењето на клиентките ми ги менува сите планови, а ми влијае и на обврските како земање дете од градинка, одложување на секој термин по нив, ми го крати времето за пауза и појадок и создава револт како кај мене, така и кај останатите клиентки“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg