Живкица Каленикова сподели ретки фотографии со семејството - го прегрнува сопругот, ужива со трите деца
- Детали
- четврток, 05 септември 2024
„Ти благодарам лето 2024. Сега, се враќаме на секојдневието“, напиша Живкица на Инстаграм и сподели ретки фотографии со трите деца и сопругот.
Водителката Живкица Каленикова се подготвува за новата сезона на нејзиното „Жилет шоу“, а најави дека се враќа на работа и секојдневните активности со видео на Инстаграм.
Во видеото таа сподели многу семејни моменти од летото што полека изминува.
Живкица заљубено се прегрнува со сопругот, се забавува со трите деца на плажа, од децата кои си играат, објави фотографии од нивните патувања (меѓу кои и посетата на Рим), додека пловат со глисер, од неколку убави зајдисонца, од концертот на Лени Кравиц во Охрид и уште многу други фотки.
„Ти благодарам лето 2024. Сега, се враќаме на секојдневието“, напиша Живкица на Инстаграм.
Повеќе фотографии во продолжение:
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело