Македонската Ким Кардашијан на луксуз во Монте Карло - Забави во ноќни клубови, шампањ на јахта (фото)
- Детали
- недела, 25 август 2024
Драгана, која пред неколку години јавно кажа дека го зголемила задникот, плени со изгледот, а нејзините следбеници не штедат комплименти на фотките што ги споделува на Инстаграм.
Моделот и инфлуенсерка Драгана Спасовска, која го носи епитетот македонската Ким Кардашијан, е на одмор во Монте Карло.
Откако претходно беше на Бали, Сен Тропе, Миконос и Малта, Драгана сега ужива во убавините и луксузот што ги нуди Монте Карло.
Таму е со пријателка, која пред неколку дена славеше роденден, но двете девојки максимално го користат времето за забава.
Па, тие се често во познатите барови и ноќни клубови во градот, од каде што Драгана споделува фотки и видеа на својот Инстаграм.
„Колку повеќе го цениш животот, толку станува подобар“, напиша таа на една од објавите на својот профил.
Драгана, која пред неколку години јавно кажа дека го зголемила задникот, плени и со изгледот, а нејзините следбеници не штедат комплименти на фотките што ги споделува на Инстаграм.
„Подобра од Ким Кардашијан“, велат некои од нив, а таа ги прифаќа комплиментите со задоволство и секогаш им се заблагодарува.
А, на една од своите објави вели:
„Почитувај се себеси и сакај се, зашто не постои друга личност како тебе и никогаш нема да постои“.