Елена Најдоски со стил на Јадранско Море - дотерана и на плажа, и за вечера со сопругот (фото)
- Детали
- четврток, 25 јули 2024
Откако ги посетија Виена и Прага, а потоа се опуштаа на море во Грција, Елена и нејзиниот сопруг Бојан сега уживаат на црногорското приморје.
Нашата водителка и инфлуенсерка, Елена Најдоски, е на летување на Јадранот со сопругот Бојан.
Тие се сместени во Котор, но патуваат по црногорското приморје и посетија неколку убави плажи, како и монденското летувалиште Порто Монтенегро во близина на Тиват.
И овој пат Елена покажа дека има беспрекорен моден стил, без оглед дали е вечерно излегување или ден поминат покрај базен.
Таа и облеката и костимите за капење ги комбинира со впечатливи аксесоари, плетени шешири, интересни чевли и чанти.
„Поздрав од рајот“, напиша на една од фотографиите кои ги објави на Инстаграм.
Пред летувањето во Црна Гора, Елена и Бојан ги посетија Виена и Прага, а потоа се опуштаа на море во Грција.