Дани Ѓуровска направи тематска забава за првиот роденден на синот: Година одбележана со патувања
- Детали
- среда, 10 јули 2024
На 2 месеца беше во Грција, на 7 и пол месеци во Куба - првата година на синчето на инфлуенсерката Даниела Ѓуровска е одбележено со неговите патувања, па и за првиот роденден темата беше таа - торта и декорации со куфери, пасоши, балони за летање...
По повод првиот роденден на нејзиниот син Давуд, инфлуенсерката Даниела Ѓуровска и нејзиниот сопруг Денис направија тематска забава.
Тема на забавата беа патувањата на кои малиот Давуд беше во текот од првата година од својот живот.
Минатата недела Дани и Денис прво направија фотосесија по повод роденденот на Давуд, а сега подготвија и голема забава на која присуствуваа нивните најблиски, роднините и пријателите.
Декорации со балони за летање, куфери, пасоши, колачиња со истата тематика, како и фотографии од патувањата на кои малиот Давуд бил досега.
Дани на Инстаграм објави повеќе фотографии, преку кои на своите следбеници им овозможи да видат како изгледала прославата, и покажа дека буквално секој детаљ бил осмислен и испланиран од неа.
За потсетување, Даниела и нејзиниот сопруг, заедно со синчето беа на патување во Куба во март годинава, а кога бебето имаше само 2 месеци тие го однесоа на одмор во Грција.
Во ексклузивно интервју за CRNOBELO.com Даниела рече дека целта им била максимално да уживаат, создавајќи спомени во периодот додека таа била на породилно отсуство.
Целото интервју со Дани за патувањето во Куба, проследете го ТУКА.
Погледнете повеќе фотографии од тематската забава по повод првиот роденден:
Б. С. Б. | Црнобело