Славни и борбени - Самохрани мајки на македонската естрада
Маја Вукичевиќ
Од првиот брак со скопјанецот Горан Грамашковски, Маја Вукичевиќ го има синот Горазд.
Маја и Горан се развеле уште додека Горазд бил многу мал.
Пејачката целиот свој живот се труди да му обезбеди најдобри услови за живот на Горазд, кој минатата година се пресели кај неа во Австралија и запиша постдипломски студии.
Миа Костова
Вечна дилема за македонската јавност е прашањето: Кој е татко на Андрија, синот на некогашната водителка и инфлуенсерка Миа Костова?
Миа не сака да го открие неговиот идентитет, а многупати јавно има истакнато дека сама, без ничија помош, некогаш и без редовни примања, успеала да го израсне Андрија во културно и многу добро воспитано момче.
Дани Димитровска
Од бракот со поранешниот сопруг Јоцо, познатата пејачка го има синот Лазар.
За својот поранешен сопруг, таа има изјавено дека ѝ бил најдобар другар, се знаеле од деца и живееле во иста населба.
Се разделиле кога и двајцата сфатиле дека подобро им оди како пријатели.
Лазар, кој е копија на својата мајка, пред извесно време дипломираше на Универзитет во Холандија.
Весна Петрушевска
Заедно со нејзиниот поранешен сопруг, бизнисменот Јанко Тренковски, Весна ги посвои Мина и Кирил.
Уште на 5-годишна возраст на Мина и Кирил им било соопштено дека се посвоени.
Кирил денес живее и студира во Америка, а Мина и понатаму живее со Весна.
С. Ш. | Црнобело