Секси модели кои ги откриваат стомачните мускули: Какви бикини носи ова лето Аделина Тахири?
- Детали
- среда, 10 јули 2024
Аделина најчесто избира бикини каде горниот дел е во форма на триаголник, а долниот дел е низок и со врвки - модели кои ја истакнуваат нејзината совршена линија.
Пејачката Аделина Тахири, освен што е позната по својот моден вкус и љубовта кон чантите и чевлите од познати светски дизајнери, има специфичен вкус и за костимите за капење.
Кога се бикините и костимите за капење во прашање, Аделина секогаш избира модели кои одговараат на нејзиниот облик на тело и ги истакнуваат облините, но и стомачните мускули на пејачката.
Таа најчесто се решава за бикини каде горниот дел е во форма на триаголник, а долниот дел е низок и со врвки.
Нејзините бикини се со украсни токи или светки, а во различни бои - бели, црвени, црни и повеќето се со златни детали.
За едно од своите патувања ова лето пејачката избра модел со животински принт, а фотките ги сподели на Инстаграм.
Интересно е што скоро секогаш носи и шешир, но не класичен за на плажа, туку каубојски модел, а кој, ѝ прилега одлично.