Моника Црнокрак на одмор во Египет со дечкото: „1.773 дена со тебе“ (фото)
- Детали
- петок, 05 јули 2024
Моника и Виктор се заедно скоро 5 години, а се запознале на тренинг за одбојка - не ја кријат љубовта и често јавно си разменуваат нежности.
Моника Црнокрак (25), нашата манекенка и една од водителките на забавното шоу G-Carpet, е на летување во Египет со дечкото Виктор.
Тие уживаат во убавините на земјата, а на своите профили на Инстаграм објавуваат фотки од патувањето, ресортот во кој се сместени и од романтичните вечери на коишто одат.
„1.773 дена со тебе“, напиша Црнокрак на една од фотографиите.
Моника и Виктор се заедно скоро 5 години, а се запознале на тренинг за одбојка.
Тие не ја кријат љубовта и често јавно си разменуваат нежности.
Парот постојано патува и одат на интересни локации.
Тие беа и лани во Египет, а Моника тогаш напиша дека го нашла рајот на земјата.
Повеќе фотографии од одморот на Моника и Виктор: