Видео што ги топи срцата: Внуката на починатиот актер Бранко Ѓорчев пее песна од Дац и Александар на концерт
- Детали
- четврток, 04 јули 2024
Скоро 16 месеци откако во Драмски театар во Скопје одржаа концерт за Денот на жената, 8-ми Март, Дац и Александар на својот Инстаграм објавија слатко видео во кое мало девојче пее нивна песна.
Дац и Александар повторно ги собраа аплаузите од своите фанови.
Но овој пат, тоа не го направија на сцената, туку со последното видео што го објавија на Инстаграм.
„Топење на срцата. Браво за нашиот најмал фан“, стои во описот на видеото, а на кое се гледа како мало девојче доаѓа на сцената и пред цела публика го пее рефренот на песната „Уште ми фалиш“.
„Дојди кај мене. Сакаш да запееш, да ти дадам микрофон? Ајде да видам како пееш“, му вели Дац на девојчето.
Откако таа го испеа рефренот, публиката ја поздрави со силен аплауз, а Дац откри дека станува збор за малата Матеа, внука на починатиот актер Бранко Ѓорчев.
„Ова е златната внука на мојот пријател Бранко Ѓорчев, кој веќе не е меѓу нас, за жал“, вели Дац.
По ова публиката станува на нозе за да му оддаде почит на прерано починатиот глумец.
За потсетување, концертот на Дац и Александар во Драмски се одржа во март 2023, но тие дури сега споделуваат видеа од дружењето со публиката.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм