Битолчаните Ана и Алексеј ќе ја претставуваат Македонија на Јуниор Евросонг 2024
- Детали
- четврток, 27 јуни 2024
Кои се Ана Ванчевска и Алексеј Ивановски од Битола, кои ќе бидат наши претставници на годинешниот Јуниор Евросонг, што во ноември ќе се одржи во Шпанија?
Ана и Алексеј се пријавија на аудицијата која ја организираше Македонската радио-телевизија и го воодушевија жирито, па изборот падна на нив, да пеат на Јуниор Евросонг во Мадрид на 16 ноември 2024 година.
Песната со која ќе се натпреваруваат нашите млади таленти, допрва ќе се избира.
Што знаеме за Ана и Алексеј?
Ана Ванчевска (14) од Битола, во изминативе години учествуваше и освои неколку први места на бројни музички фестивали.
Таа годинава беше единствена претставничка на Македонија на меѓународниот фестивал Сан Ремо Јуниор, во Италија.
Ана е одличен ученик и добитник на бројни државни награди по математика, физика и француски јазик.
Алексеј Ивановски (13) е исто така од Битола. Овој талентиран млад пејач учествувал и победил на бројни музички фестивал, а пеел и на Бела ноќ во Битола со Камерниот оркестар.
Алексеј учествувал на многу општински, регионални и државни натпревари по предметите математика, англиски и француски јазик, и има освоено голем број први места.
Сака да плива, да шета во природа и да се дружи. Тој многу ги сака животните и дел од своето време посветува на грижата за нив.
„Ана и Алексеј со својот извонреден талент и хармонични гласови го привлекуваат вниманието на љубителите на музиката насекаде. И покрај нивната возраст, имаат неверојатни гласовни способности кои никого не оставаат рамнодушен“, велат од МРТ.
Погледнете видеа од музички настапи на Ана и Алексеј:
@aleksej_ivanovski Bela Nok Bitola 2022...White Night Bitola 2022...#firstperformance #foryou #macedonia #sing #fypシ #fyp #fy #nohate
♬ original sound - Aleksej Ivanovski😄🎤🎼🎸
А. Ј. | Црнобело