Сања и Перо на романтичен викенд во Грција: Љубовта е во воздухот (фото)
- Детали
- вторник, 25 јуни 2024
Перо Антиќ и неговата девојка Сања Ристиќ уживаа на романтичен викенд во Грција.
Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија и инфлуенсерката, која работи како менаџер во семејна компанија, по двете патувања со синовите (кои ги имаат од претходните бракови), овој пат се чини беа сами.
Тие изминатите денови на своите профили на Инстаграм споделуваа фотки од патувањето - додека се прегрнати на плажа, на вечера покрај море, од плажа...
„Љубовта е во воздухот“, напиша Сања на една од фотографиите.
Парот, кој е во врска околу една година, веќе долго време не ја крие љубовта.
Тие постојано јавно ги изразуваат емоциите, а дека врската е сериозна покажува и тоа што ги запознаа своите синови од претходните бракови (Сања има два, а Перо има три сина), и заедно беа на летување и во Грција и во Турција.
Повеќе фотографии од Сања и Перо:
Прочитајте и Перо Антиќ и Сања Ристиќ со синовите на одмор во Анталија: Гледаат ајкули, хранат риби, пливаат во базен
А. Ј. | Црнобело