Марјан Петров беше единствен шминкер на фестивал во Белград: „За Ноле имаше посебен влез, Ник Кејв е многу опуштен“

„За Ноле имаше посебен влез преку кој беше спроведен до ВИП делот и посебно обезбедување. Не разговаравме многу, се ракувавме, се фотографиравме, а тој беше насмеан цело време и делуваше дека навистина ужива во вечерта“, вели струмичанецот Марјан Петров, кој вторпат беше ангажиран како фризер и шминкер на фестивал во Белград.

marjan-petrov-beshe-edinstven-shminker-na-festival-vo-belgrad-za-nole-imashe-poseben-vlez-i-obezbeduvanje-nik-kejv-e-mnogu-opushten-01.jpg

Нашиот Марјан Петров изминативе два дена (17 и 18 јуни) престојуваше во Белград, каде што беше ангажиран како единствен фризер и шминкер на големиот музички фестивал Belgrade River Fest.

Ова е втор ангажман на Марјан на истиот фестивал, откако и лани организаторите го поканија да биде дел од големото случување.

marjan-petrov-beshe-edinstven-shminker-na-festival-vo-belgrad-za-nole-imashe-poseben-vlez-i-obezbeduvanje-nik-kejv-e-mnogu-opushten-11.jpg

На годинашниот фестивал, главна ѕвезда беше легендарниот Ник Кејв, кој одржа концерт вчеравечер, а за кого Марјан вели дека добил впечаток дека е многу опуштена личност.

Но, тој го запозна и Новак Ѓоковиќ, кој во моментов е во Србија, па се фотографира со него.

marjan-petrov-beshe-edinstven-shminker-na-festival-vo-belgrad-za-nole-imashe-poseben-vlez-i-obezbeduvanje-nik-kejv-e-mnogu-opushten-02.jpg

За несекојдневното искуство, Марјан раскажа за CRNOBELO.com:

„Ова е втора година по ред организаторките на настанот да ме ангажираат како единствен и официјален шминкер и фризер на фестивалот.

Фестивалот се одржува трета година по ред, а премиерното издание беше во 2022, кога во Белград настапи Андреа Бочели, а Јелена Томашевиќ му беше специјална гостинка.

marjan-petrov-beshe-edinstven-shminker-na-festival-vo-belgrad-za-nole-imashe-poseben-vlez-i-obezbeduvanje-nik-kejv-e-mnogu-opushten-05.jpg

Потоа Јелена настапи на концертот на Бочели во Абу Даби, а бидејќи во тоа време јас бев во Дибаи, се договоривме да ја нашминкам и да ѝ ја средам фризурата за настапот.

И така некако тргна соработката со Belgrade River Fest - Јелена ме препорача кај организаторките кои се нејзини одлични пријатели, а кои, откако без задоволни од сработеното лани, и годинава ме ангажираа мене, иако има голем број фризери и шминкери од Србија кои се одлични во својата работа.

marjan-petrov-beshe-edinstven-shminker-na-festival-vo-belgrad-za-nole-imashe-poseben-vlez-i-obezbeduvanje-nik-kejv-e-mnogu-opushten-04.jpg

Фестивалот има навистина одлична организација, вистински светски настан кој се одржува во наша близина.

Па, освен што работев, имав можност да се дружам со Иван Босиљчиќ и Јелена кои ми се и приватно блиски пријатели, но и со Наташа Беквалац, Слобода и Драгана Миќаловиќ и други.

Имав можност да го запознам и Ник Кејв, непосредно пред неговиот настап и ми остави впечаток на навистина опуштен човек.

marjan-petrov-beshe-edinstven-shminker-na-festival-vo-belgrad-za-nole-imashe-poseben-vlez-i-obezbeduvanje-nik-kejv-e-mnogu-opushten-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Забавно видео на Јелена Спенџарска за шопингот со мајките: „Не фаќај ништо, ќе треба да плаќаме ако ... „50 евра за скинати фармерки? Јас ќе ти ги скинам дома без пари!“ - Јелена Спенџ...
Едина Муса со бившиот на Тамара во Белград, Пере заљубен во сопругата: Што прават македонските ѕвезд... Кошаркарката Едина Муса објави неколку фотографии со поранешниот сопруг на Тамар...
Јелена Јованова се породи со второ дете – бременоста повторно ја чуваше во тајност Братот на Јелена Јованова потврди дека актерката го добила своето второ дете, а ...
Јелена Спенџарска за темните дамки на лицето: „Требаше да почнам да ја третирам мелазмата порано“ „Нема песимизам, нема никогаш нема да ти пројде, џабе се мачкаш... Ова го пишува...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg