Водителката Елена Стојановска на 43 години си го исполни сонот: почна да учи балет, настапи во претстава во МОБ

„Заедно со малите и големите балерини настапивме на сцената на МОБ во претставата ‘Тајната на кукларот’. Се разбира аматерски, но за мене беше преубаво искуство и мала лична победа. Се радувам на следната сезона“, напиша водителката на Инстаграм и призна дека си исполни еден дамнешен сон.

voiditelkata-elena-stojanovska-na-43-godini-si-go-ispolni-sonot-pochna-da-uchi-balet-nastapi-vo-pretstava-vo-mob-01.jpg

Водителката Елена Стојановска (43) настапи на сцената на МОБ, во балетската претстава „Тајната на кукларот“.

Таа од неодамна оди на часови по балет, нешто што сакала да го прави од дете, но дури сега почнала да си ги исполнува детскиот сон.

voiditelkata-elena-stojanovska-na-43-godini-si-go-ispolni-sonot-pochna-da-uchi-balet-nastapi-vo-pretstava-vo-mob-04_copy.jpg

Со членовите на балетското студио, Елена неодамна имаше завршна претстава, од која објави неколку фотки и видеа на Инстаграм.

„Заедно со малите и големите балерини настапивме на сцената на МОБ во претставата ‘Тајната на кукларот’. Се разбира аматерски, но за мене беше преубаво искуство и мала лична победа.

Благодарност до ‘Студио Балерина’, Маја, Кала и Сара за довербата. Се радувам на следната сезона“, напиша таа.

View this post on Instagram

A post shared by Elena Stojanovska- Jankovska (@enna_inna)

Откри и дека од балетското студио добила благодарница за учеството во претставата, со која се гордее.

voiditelkata-elena-stojanovska-na-43-godini-si-go-ispolni-sonot-pochna-da-uchi-balet-nastapi-vo-pretstava-vo-mob-02.jpg

Елена, која важи за една од најзгодните и најнегувани водителки кај нас, откри дека почнала да оди на часови по балет во февруари.

Тогаш сподели слика од балетското студио, па се пошегува дека „иако нема да игра во ‘Лебедово езеро’, сепак ужива бидејќи си исполнила еден дамнешен сон“.

Погледнете повеќе фотографии:

voiditelkata-elena-stojanovska-na-43-godini-si-go-ispolni-sonot-pochna-da-uchi-balet-nastapi-vo-pretstava-vo-mob-03_1.jpg

voiditelkata-elena-stojanovska-na-43-godini-si-go-ispolni-sonot-pochna-da-uchi-balet-nastapi-vo-pretstava-vo-mob-02_1.jpg

voiditelkata-elena-stojanovska-na-43-godini-si-go-ispolni-sonot-pochna-da-uchi-balet-nastapi-vo-pretstava-vo-mob-03.jpg

Прочитајте и Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 недели“

Би можело да ве интересира:

Елена Ристеска си ја отвори душата 8 години по смртта на татко ѝ: „Секој ден, сè повеќе ми фалиш“ „Осум тешки години без тебе тато. Овој септември си ја зема и Валери, најмилото ...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Се венча водителката Ведрана Ѓорѓевиќ: „До вечноста“ Водителката Ведрана Ѓорѓевиќ во долг бел фустан, блеска покрај сопругот на фотог...
Елена од гевгелиско спаси и трет штрк: „Девојчиња го донесоа кај мене со повредено крило“ „Вториот штрк е здрав и во август ќе може да одлета, а третиот има повредено кри...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg