Ирина Дишовска и Павле Камилоски направија крштевка на синот Јосиф, кратко пред неговиот прв роденден (фото)
- Детали
- петок, 14 јуни 2024
Планинарката Ирина Дишовска и музичарот Павле Камилоски направија крштевка за синчето Јосиф и прославија во Галичник, неколку дена пред првиот роденден.
Планинарката Ирина Дишовска и нејзиниот сопруг, музичарот Павле Камилоски, направија крштевка на синчето Јосиф.
Јосиф се роди пред една година, на 18-ти јуни 2023-та.
Ирина и Павле споделија фотки од крштевката на Инстаграм Стори.
На една од нив, тие позираат со малиот Јосиф.
„Вечно нека ти е името синко мој“, пишува на објавата на Ирина на Инстаграм.
И двајцата споделија неколку фотки од крштевката од црква.
Парот сподели и фотки од веселата прослава со свирачи, а на едно видео Ирина танцува со синчето.
Убава како и секогаш, за важниот ден Ирина избрала бел фустан, а Павле носи бели панталони со тегет кошула и шешир.
За потсетување, Ирина и Павле се венчаа на 24-ти февруари минатата година.
На свадбата, Ирина беше во 6-иот месец од бременоста и во изјава за CRNOBELO.com се пофали дека и покрај тоа, успеала да издржи со штикли цел ден.
Прочитајте и: Ирина Дишовска за CRNOBELO.com: „Павле ми отпеа неколку песни, најубав миг ми беше кога пред Бога нѐ прогласија за маж и жена“
Спирова С. | Црнобело