Браво! Македонката Миа (13) освои награди за најдобра пејачка и композитор-тинејџер на фестивал во Белград
- Детали
- среда, 08 мај 2024
Секоја чест! Нашата Миа Ѓокиќ Сотировска од фестивал за тинејџери во Белград се врати со три награди, два златни трофеи и еден сребрен.
Миа Ѓокиќ Сотировска (13) од Скопје нè направи навистина горди. Таа настапи на фестивалот Angel Voice во Белград, кој се одржува од 6 до 10 мај, а оттаму се врати со три награди.
Miа на Инстаграм објави неколку фотографии од самиот натпревар, но и наградите и дипломите кои ги доби на ова престижно натпреварување за тинејџери.
„Многу сум среќна и благодарна што настапив на фестивалот Angel Voice оваа година, но и што освоив неколку награди и тоа: 1-во место за најдобра оригинална песна Magical Fairytale, награда за најдобар композитор-тинејџер и 2-ро место за оригинална песна The One“, напиша таа.
https://www.instagram.com/p/C6o5CQ5qQmf/
„Браво ѕвездо“, „Уште многу успеси Миа“, ѝ посакаа нејзините пријатели на Инстаграм.
Инаку, Миа е ќерка на нашата продуцентка и диџеј, Марга Сол, која, исто така, преку социјалните мрежи покажа колку е горда на успехот на своето дете.
Повеќе слики од настапот на Миа:
А. Ј. | Црнобело