Нина (12) од Скопје стана светски шампион во латино танци: Совршена кореографија и ново злато (видео)
- Детали
- вторник, 30 април 2024
Горди сме на уште едно македонско девојче! Седмоодделенката Нина од Скопје со својот совршен танц го „купи“ жирито на Светското првенство во Полска и дома се враќа со златен медал и нова титула.
Нина Спасовска (12) од Скопје стана светски шампион во латино танци во соло настап на WADF, Светското првенство во стандардни и латино танци што се одржа во Варшава, Полска.
Нашата Нина, која е дел од танцовото студио Dancers United го воодушеви жирито и присутните со своето танцување, ставот и насмевката, но и одличната кореографија што ја направи Евгенија Арсова, под името Coco Chanel, а каде што Нина танцува на неколку песни.
По победата, младата танчарка не можеше да ги скрие емоциите, а медалот и трофејот ги зеде нагрната со македонското знаме.
„Емоциите не можат да се сокријат при дете светски првак. Видеата кажуваат сè“, напиша на својот Фејсбук мајката на Нина, радиоводителката Надица Спасовска, која покажа колку е горда на својата ќерка.
Ова не беше единствената титула за танцовото студио Dancers United во Варшава.
Тие на својот Инстаграм објавија неколку фотографии од трите дена поминати во Варшава и се пофалија дека освоиле титули светски шампиони и со членовите на неколку нивни групи.
„На Меѓународниот ден на танцот кога се промовира танцовата уметност низ светот, танчарите од Dancers United кои беа дел од Светското првенство во Варшава, Полска, се враќаат со титулата светски прваци.
На пиедесталот со звуците на македонската химна застанаа членовите на нашата инклузивна група со две кореографии, Caribbean и Over the Rainbow, нашите Mini Kids блескаа со Bringing The Disco Back, кореографијата Vintage Chic на нашите јуниорки беше на врвот како и Passion and Youth на Youth and Adults.
На Светското првенство во Варшава судеше и нашата Сара Кочан.
Целиот наш труд изминатите години, многу работа, искуство и секако љубов кон танцот само покажува дека сме на вистинскиот пат, наградени со највисоките признанија“, напишаа од танцовото студио на Инстаграм и споделија фотографии и видеа за да доловат дел од атмосферата на првенството.
Емоциите не можат да се сокријат при дете светски првак. WADF Warsaw Championship 2024. Latin Show Juniors 1. Nina...
Posted by Nadicka Naci Spasovska on Monday, April 29, 2024
Прочитајте и Нина Спасовска (11) танцува како да лебди: „Со првото соло освоив 1-во место, во еден ден настапив 35 пати“
А. Ј. | Црнобело