CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци?

„Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го правам“, вели за CRNOBELO.com Игор Стефановски - Иџе. Успешните Македонци откриваат кои се најважните жени во нивните животи.

crnobelo-anketa-koi-se-najvazhnite-zheni-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonci-01.jpg

Велат дека зад успехот на секој маж стои барем по една жена, која била тука за да им даде поддршка, да ги охрабри, да ги поттикне. Затоа по повод Денот на жената, 8 Март, им дадовме можност на неколку успешни мажи од Македонија јавно да им се заблагодарат на најважните жени во нивните животи.

Секој од нив е професионалец во својата работа, успеал да изгради успешна кариера, но никој од нив не крие дека во наоѓањето на својот правец во животот и во креирањето на сопствениот успех, огромна улога одиграле жените во нивниот живот.

На неколкумина успешни Македонци им поставивме по 3 прашања поврзани со жените во нивниот живот, а тие несебично се заблагодарија за поддршката што ја добиле, но и за читателите на CRNOBELO.com ги открија најважните совети што ги добиле од своите сакани мајки, баби, сопруги, ќерки...

Во продолжение проследете ја во целост анкетата за CRNOBELO.com:

Игор Стефановски – Иџе (шампион во ридско-брзински трки)

crnobelo-anketa-koi-se-najvazhnite-zheni-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonci-02.jpg

За Игор Стефановски – Иџе и не треба премногу да се зборува. Тој е трикратен шампион во ридско-брзински трки, а со неговите успеси сме горди сите.

Но, освен што е врвен професионалец во својата професија, Иџе е посветен татко и сопруг, а во оваа пригода ни откри кои се најважните жени во неговиот живот кои несебично го поддржуваат и му помагаат да ги оствари своите желби и соништа на професионален и животен план.

1. Кој е најдобриот совет што сте го добиле од жена во животот?

Па веројатно најдобриот совет којшто сум го добил во животот е совет кој сум го добил од мојата мајка која цел живот, од мал ме учела дека за да успеам во она што го сакам, треба да бидам упорен и истраен и дека само така се достижни сите врвови.

2. Кога би имале можност да се заблагодарите на која било жена во вашиот живот, од минатото или сегашноста, која би била таа и што би ѝ рекле?

Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го правам, пред сѐ заради тоа што таа е личноста која се грижи за нашите деца и е постојано присутна во нивното воспитување во оние моменти кога јас сум отсутен заради мојата кариера.

3. Која е една вештина или особина на која најмногу се восхитувате кај жените?

Им се восхитувам на сите жени заради способноста што умеат сè да постигнат во однос на работа, грижа и воспитување на децата, грижа и одржување на домот и семејството.

Гоце Бумбароски (наставник во основно образование)

crnobelo-anketa-koi-se-najvazhnite-zheni-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonci-03.jpg

Гоце Бумбароски е наставник во прилепското основно училиште „Кочо Рацин“, а знае да привлече внимание со своите корисни совети што ги упатува до родителите на својата Фејсбук страна.

Честопати знае да ги нагласи парадоксите во современиот начин на живот, во образованието, но и во начинот на којшто се однесуваме кон децата, како родители, а неговите објави секогаш се поздравени со позитивни коментари.

За Денот на жената му дадовме можност да одговори на 3 прашања, и во продолжение проследете ги неговите одговори:

1. Кој е најдобриот совет што сте го добиле од жена во животот?

Сум добивал и сѐ уште добивам совети од моите сакани жени кои ме опкружувале и сѐ уште ме опкружуваат. Тоа се моите баби, мајка ми, сопругата и моите две ќерки.

Од многуте совети ќе го издвојам оној од мојата покојна баба Љуба која знаеше да ми рече:

„Биди љубезен, биди толерантен и дај им простор на другите. Не знаеш со кого би можел да имаш работа, па затоа дарежливоста и насмевката кон другите може да го направи убав твојот, но и нивниот ден“. 

Оваа мисла, овој совет кој своевремено имаше повеќе свои верзии во зависност од пригодата и времето во коешто беше кажан, и ден-денес ме води низ животот.

2. Кога би имале можност да се заблагодарите на која било жена во вашиот живот, од минатото или сегашноста, која би била таа и што би ѝ рекле?

Благодарен на моите две баби за мудростите што ми ги пренеле.

Благодарен на мајка ми затоа што веруваше и сѐ уште верува во мене.

Благодарен на мојата баба (по закон) затоа што одгледа и воспита прекрасна ќерка.

Благодарен на сопругата Ирена за бескрајната љубов, поддршката, толеранцијата и разбирањето кои ми ги дава во изобилие.

Благодарен на ќерките Теона и Илина, затоа што тие две се смислата на моето постоење.

3. Која е една вештина или особина на која најмногу се восхитувате кај жените?

Самата помисла на жените – восхитува.  Тие се балансот којшто овој свет го прават функционален. Имаат неброени вештини и особини кои се вредни за спомнување, но јас во овој случај ќе издвојам три:

Самопочитување - Жените кои се почитуваат себеси не поднесуваат несоодветно третирање, тие поставуваат здрави, цврсти граници и се грижат за нивните потреби. Жените кои се самопочитуваат му даваат огромна вредност на тоа да бидат морални и искрени, а истото го очекуваат и од другите.

Креатори на домови - Само жените ја имаат таа посебна умешност со својата способност да создадат дом за себе, за својот партнер и за своето семејство.

Силен систем на поддршка - Секој вистински маж може да се восхитува на способноста на жената да создава резерви на поддршка кон сите членови од семејството, и тоа не само да ги постигнат своите цели, туку и да се забавуваат на патувањето кон нив.

Игор Алуловски (примариус доктор и гинеколошко-онколошки хирург)

crnobelo-anketa-koi-se-najvazhnite-zheni-vo-zhivotot-na-uspeshnite-makedonci-04.jpg

Д-р Игор Алулоски е гинеколошко-онколошки хирург кој со децении наназад работи и досега спасил голем број животи.

Игор е среќно оженет и во брак е повеќе од две децении, тој е татко на две деца, а успеа да одвои време за читателите на CRNOBELO.com и да одговори на 3 прашања:

1. Кој е најдобриот совет што сте го добиле од жена во животот?

Биди секогаш добар и трпелив со луѓето. Најди време, макар и една минута да го сослушаш секој кој ќе ти се обрати.

Не постои „неважен“ или „помалку важен“ човек. Зошто не знаеш, понекогаш во животот на секого му е потребна помош и совет, па ако тебе ти е потребно, помошта може да дојде од најнеочекувано место.

2. Кога би имале можност да се заблагодарите на која било жена во вашиот живот, од минатото или сегашноста, која би била таа и што би ѝ рекле?

На мојата баба Вера (мајката на мојата мајка).

Беше жена, мајка, домаќинка, кога беше потребно и учителка и советничка на своите внуци дури и кога станавме возрасни луѓе.

Добар дел од детството го поминав играјќи во дворот на куќата и по околните дворови и улици во близина на „Водњанска“.

Би ѝ рекол: „Фала ти за сѐ, како стареам сфаќам дека за многу работи беше во право“.

3. Која е една вештина или особина на која најмногу се восхитувате кај жените?

Ако дозволите би спомнал неколку особини.

Жените се суштества на душата, знаат со својата магија да ја освојат душата на мажот, да го доведат до лудило со својата страст, да им се восхитуваш на грижата и пожртвуваноста за домот и фамилијата како лавица.

Но, најважно од сѐ е да знаеш да го допреш нивното срце.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg